Дали вашата карлица е подготвена за вагинално породување?

Изгледот на таканаречениот Мајклсов ромб може да ви открие дали е вашата карлица подготвена за вагинално породување или ќе завршите на царски рез.

0
343

На стручното око на бабицата ќе му биде потребен само еден поглед на задникот од трудницата за да знае дали бебето е спуштено и дали е подготвено за породување.

Исто така, стручното око на лекарот уште на прв поглед, повторно на задникот од трудницата, ќе ја оцени ширината на карлицата, но и дали е бебето подготвено за предвремено раѓање.

Ако никогаш не сте чуле за него, време е да запознаете уште еден важен дел од женското тело. Тоа е подрачјето кое се појавува на дното од карлицата. Би требало да има речиси еднакви страни, а неговиот изглед ќе ви покаже дали имате нормална карлица, „нормална“ за нормално вагинално породување или е пак премногу тесна, што значи дека веројатно ќе завршите на царски рез.

Сместен е во самото дно на карлицата, а ограничен е со 4 точки. Ако е ромбот правиллен, правилна е и карлицата, а ако е нејзиниот облик изменет, тоа би требало да биде јасен показател на различни дијагнози.

Однсно, ако се горните страни на ромбот пократки, се вели дека станува збор за рахитична, односно, за плитка карлица, а ако е ромбот тесен и издолжен, се смета дека е карлицата тесна. Ако е пак едната страна подолга од другата, тоа се нарекува косо издолжена карлица и практично, секој облик кој не е „нормален“ може да биде показател на ширината на карлицата и јасен знак за лекарите дека трудницата моеби би требало да ја подготват за царски рез.

Меѓутоа, дури ни очигледно тесна карлица не мора нужно да значи дека бебето нема да може да се спушти во родилниот канал, затоа што токму тој ромб му овозможува на телото на трудницата уште подобро да се подготви за породување па дури и на карлицата ѝ се дава можност да се проири на време.

Затоа што коските на карлицата во бременоста станувваат еластични и пофлексибилни, дури ни лекарите кои на трудницата ќе ѝ утврдат тесна карлица, не можат со сто отсто сигурност да тврдат дека главчето на бебето на крајот сепак нема да помине низ неа.

А дали ќе помине и кога ќе помине, бабиците со еден стручен поглед на подрачјето над задникот ќе оценат каде се наоѓа во моментот бебешкото главче. Без вагинален преглед.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Please enter your comment!
Please enter your name here