Дали вашето дете има бруксизам?

Неконтролираното стискање и чкрипење е многу честа појава и кај мажите и кај жените, но и кај децата. Најчесто се јавува во текот на спиењето.

0
1186

Бруксизмот или чкрипењето на забите е форсирано, неконтролирано стискање на забите, најчесто во текот на спиењето. Од бруксизам најмногу страдаат луѓе кои се изложени на емоционален стрес, анксиозност, голем замор и напнатост.

Ова е многу честа појава. Се јавува подеднакво и кај мажи и жени, во сите возрасти, вклучувајќи ги и децата.

Бидејќи бруксизмост најчесто се јавува навечер, пациентот речиси и не е свесен за тој проблем, па партнерот или родителот посведочуваат за него. Може да се манифестира како чкрипење на забите, кое вклучува движења на долната вилица или стискање на забите, каде нема движења на вилицата и затоа е нечујно.

Кога се зема анамнеза, пациентот вообичаено се жали на болки во зглобовите и во увото, главоболка, осетливост на забите на топло и ладно. Стоматологот на преглед воочува абразија т.е. губење на забната супстанца, предвремени контакти, во полоши случаи дури и промени на потпорниот апарат на забите.

Терапијата е главно симптомаска и најчесто се изработуваат силиконски калапи (night guard) кои можат да бидат во различна дебелина, во зависност од потребата. Се изработуваат индивидуално по мерка и се носат навечер, за да се спречи контактот на забите и губењето на забната супстанца. Се прави состругување на предвремените контакти, а кога има голема загуба на забната супстанца се врши девитализација на забот и изработка на порцелански коронки. Понекогаш во потешките случаи се воведува и медикаментозна терапија, лекови од групата на миорелаксатори и антидепресиви.

д-р Јасмина Трајкова – Пети

[better-ads type='banner' banner='999' ]