Дали во воспитувањето на децата е подобро да бидете „добар“ или „лош полицаец“?

„Прашај го татко ти да видиш што ќе ти каже“. „Оди прашаја ја мајка ти да видиш дали таа ќе ти дозволи“...Дали веќе сте се нашле во оваа ситуација?

0
529

На сите ни се случило барем еднаш да го препратиме детето кај другиот родител доколку не сме знаеле сами да се справиме со одредена ситуација, доколку не сме знаеле како да постапиме или пак сме имале различни ставови по некое прашање. Секогаш можете да се најдете во ситуација вашиот партнер да има поинакво мислење од вас околу нешто и тогаш товарот на одлуката да падне на ваши рамена. Тоа може да биде било што, од тоа дали смее вашето дете да преспие кај пријател до тоа колку часа дневно може да седи на компјутер.

Што и да е изворот на несогласување, сите родители порано или подоцна се наоѓаат во ситуација во која мораат да одлучат што е најдобро за нивните деца. Стручњаците тврдат дека е тоа сосема нормално и многу вообичаено.

Проблемот всушност настанува кога вообичаеното одлучување прераснува до ситуацијата „добар“ и „лош“ полицаец во која децата „навалуваат“ на помекиот и попустлив родител со цел да се здружат против оној која сака да воведе дисциплина и да го победат.

Постојат одредени повластици кои ги носи секоја од тие позиции, но останува прашањето дали при воспитувањето на детето е подобро да се биде добар или лош полицаец?

Што велат научниците?

Истражувањата покажуваат дека еден од пет разведени или раздвоени родители најчесто не се сложуваат со мислењето на својот партнер околу воспитувањето на детето. Но, исто така, девет од 10 од сите родители сакаат и мислат дека е важно нивните партнери да ги сметаат за добар родител. Тоа ги донело научниците  до заклучок дека на родителите им е многу важно, без оглед дали имаат исто мислење за некоја тема, да ја почувствуваат поддршката од партнерот.

Секако, не е потребно родителите да бидат разведени за да имаат спротивставени мислења, затоа што и среќните двојки често се разијдуваат во одлуките околу децата. Но како родителските стилови долгорочно влијаат на самите деца?

После низа истражувања научниците дошле до заклучок дека децата на родителите со авторитативен став во иднина ќе бидат попослушни, но и спореќни, па дури и поуспешни затоа што ќе имаат поголема самодоверба. Една студија дури утврдила дека децата на авторитативните родители постигнуваат подобар академски успех од децата на попустливите родители.

Една од прилините за ова е тоа што децата, ако ги доживуваат родителските ставови како праведни и разумни, ќе покажат повеќе волја и желба да соработуваат и да им се покорат на тие барања. Исто така, децата на авторитативните родители полесните барања за одредено однесување ќе ги прифатат како свои и ќе најдат сопствени причини зошто така да се однесуваат, па со тоа ќе постигнат и поголема самоконтрола.

Што велат стручњаците?

Стручњаците сметаат дека би било идеално, ако родителите веќе не се согласуваат целосно со меѓусебните размислувања, тие барем да имаат дост допирни точки. Добар или лош полицаец дури и не е толку лоша пракса, тврдат тие, се додека се родителите во заеднички договор и целта им е да постигнат одреден резултат кај детето. Впрочем, сосема природно е едниот родител да е построг, а другиот помек во настапот. Но што кога родителите се на сосема различни бранови должини и нивниот мислења се разијдуваат, па меѓусебно си го уриваат авторитетот?

Тоа, предупредуваат стручњаците, на подолги стази не носи ништо добро нитиу на нивниот брак, ниту на детето. На децата им треба јасна граница, а последно што едниот родител треба да им го пружи е е чувството дека можат да манипулираат со другиот родител за да можат заедно да влијаат на мислењето и постапките на оној другиот.

Еве што треба да направат родителите ако се најдат во приказната за добар или лош полицаец. За се за што би требало да преговараат, би требало да преговараат однапред, а не пред детето. Ако станува збор за времето кога треба детето треба да пдо о кревет, колку долго смее да игра игри на мобилен или на компјутер или колку колачи смее да изеде …донесете јасни правила и еднакво јасно и сложно искомуницирајте пред децата.

Кога се правилата еднаш донесени, важно е обајцата родители да се придржуваат до нив и да гои спроведуваат без исклучок. Тоа на вашите деца ќе им покаже дека сте сложен тандем. Секако, кога тогаш, на тапет ќе се најдат и теми на кои нема да се согласувате, и кои нема да можете да ги договорите однашпред. Во тие ситуации стручњаците советуваат да не се судирате пред децара, туку да одредите некој сигнал кој ќе значи крај на расправата. Известете ги децата дека за таа тема мора да се договорите. Расправете насамо и презентирајте ја конечната одлука како заедничка.

Што е клучно?

Без оглед дали сте о воспитувањето на детето добар или лош полицаец, битно е да го почитувате својот парѕнер и неговото мислење и ставови. Вашите деца треба да ве видат како меѓусебна потпора, а не како некој кој ги омаловажува ставповитѕе ма другиот и со тоа го загрозува и воспитуањето на детето и неговата дисциплина. Запомнете дека целта на вашите расправии не е да го надмудрите партнерот и да го победите, туку да го најдете најдоброто и најконструктивното решение за вашето дете.

loading...