Дефиле на маски за 1ви април во „Скопје Сити мол“

0
880

Први април е еден од најомилените денови на децата, но и на возрасните, бидејќи токму на Денот на шегата се празнуваат среќата, смеењето, маскирањето и шегувањето. Верувале или не, оваа традиција во светот постои неколку векови, а фасцинантно е тоа дека таа е раширена еднакво и на Западот и на Истокот, а последните децении нејзината популарност вртоглаво расте.

Skopje City Mall, како и секоја година, се приклучува на првоаприлската прослава на шегата и смеењето и на Денот на шегата организира Конкурс на најдобри маски од основните училишта кои ќе имаат свое големо дефиле низ најголемиот мол во нашата држава кој обезбеди 15 подароци од „Просветно дело“ и тоа по различни категории: позитивни ликови (прво, второ и трето место), негативни ликови (прво, второ и трето место), рачно изработени маски, најмлад учесник, а за најдобрата групна маска Синеплекс добитниците ќе имаат можност да гледаат заеднички еден од филмовите.

Освен разиграното, весело и големо дефиле на маски, ќе биде отворен и онлајн конкурс за најдобри маски фотографирани низ Skopje City Mall на први април од 17 до 22 часот со фотопатрола која што ќе фотографира низ молот и ќе ги овековечи најинтересните и најиновативните маски. Најдобрите три маски ќе добијат SONY дигитален апарат, Таблет Allview и компјутерска игра.

Во 18 часот следува дополнителна забава на вториот кат на која ќе учествуваат пинковите ѕвезди, како и DЈ-и од популарните скопски радија.

loading...