Ден без жени ширум светот на 8.март

После масовните женски протести ширум светот во јануари, повиците за генерален женски штрајк почнуваат со голема брзина да се шират на интернет. Органзаторите на маршот ја зачнаа оваа идеја на почетокот од овој месец, но без конкретен датум. Минатата недела, група од феминистки интелектуалци напишаа колумна во Гардијан во која ги повикуваат жените на штрајк на 8.Март 0 Интернационалниот ден на жената.

0
190

Групата која стои зад женскиот марш во Вашингтон во знак на протест против Доналд Трамп, повика на генерален штрајк на 8.Март, Интернационалниот ден на жената. Групата не ги објавува веднаш деталите и активностите што ќе бидат дел од штрајкот, но најавуваат дека ќе споделат повеќе информации во следните неколку недели. Иако организаторите на маршот на жените велат дека наскоро ќе објават повеќе информации за активностите што жените можат да ги преземат за таканаречениот „Ден без жени“, авторите на колумната во Гардијан, меѓу кои е и феминистичката икона Ангела Дејвис, јасно стави до знаење што жените и нивните сојузници можат да направат на 8-ми март:

Идејата е да се мобилизираат жените, вклучувајќи ги и транс жените, и сите оние кои ги поддржуваат во меѓународен ден на борба- марширајќи, блокирајќи патишта, мостови и плоштади, воздржувајќи се од домашната работа, од грижата и од сексот, бојкотирајќи ги. Овие активности се насочени кон за да се направат  видливи потребите и аспирациите на сите оние кои се игнорирани: жени на формалниот пазар на труд, жените кои работат во сферата на општествената репродукција и грижа, и невработените, како и оние со несигурна работа.

Авторите повикуваат за поекспанзивно, вклучително и феминистичко движење, и за масовен штрајк, кој нема да е насочен само против претседателот Трамп конкретно, туку ќе се протестира и во името на долгогодишната борба на жените против насилството на мажите и за постигнување на репродуктивното право и правата на работниците. Феминистички групи од повеќе од 30 земји, исто така, помагаат да се организира штрајкот.

Женските штрајкови од Латинска Америка до Индија го зафатија светот во последниве години. Во октомври минатата година во Полска, законодавците брзо се предомислија и беше повлечен предлог-законот за забрана на абортусот откако илјадници жени штрајкуваа и маршираа по улиците низ целата земја.

Десетици илјади жени учествуваа во „сестринските“ протести против Трамп во Сиднеј, Лондон, Токио и бројни други градови на Европа и Азија. Женскиот марш кој беше примарно организиран во Вашингтон заради незадоволството од ставовите на новиот претседател, набрзо стана светски протест број 1 за афирмирање на рамноправноста на половите, ЛГБТ правата у борбата против расната нееднаквост.

loading...