Детето ви се пожалило дека другарите го малтретираат?

Може да ви биде тешко кога детето ќе ви каже дека некој бил злобен кон него, ги повредил неговите чувства и го засрамил. Како да му помогнете?

0
315

Децата не ги кажуваат секогаш баш сите детали па доколку детето ви се пожали дека некој бил злобен кон него и го засрамил или му ги повредил чувствата на некој друг начин, морате да бидете внимателни како ќе постапите со него и што ќе му кажете. Значи што треба да направите вие како родител?

Што треба да избегнувате:

Aко детето почне такашто ќе ви каже нешто нејасно, како, „некои деца ме малтретираа“ прашајте го да ви даде повеќе детали и така подобро ќе го разберете она што се случило. Кога ќе го сфатите тоа, еве што не треба никако да му кажете:

„Тие се љубоморни на тебе. Тие се несигурни“.

Овој одговор е неефикасен, затоа што не постои ништо што детето може да направи со овие информации. Дури и ако е сето тоа точно, ова нема да ги запре другите деца да бидат љубоморни на него.

„Биди фин“

Кога ти приоѓаат луѓе кои се злобни кон тебе, тогаш не изгледаш како да си фин, изгледаш како да си слаб и како да е лесно да бидеш изманипулиран.

„Веројатно доаѓа од лошо семејство. Би требало да ти е жал за нив“.

Иако е тажно тоа што некои деца имаат тешки ситуации дома, тоа не е изговор да ги напаѓаат другите деца. Освен тоа, поттикнувањето на сожалување кон некое дете и предизвикувањето на некој вид на супериорност кај вашето дете може само да доведе до уште повеќе проблеми.

„Дали си сигурен? Можеби не си разбрал добро“.

Ова значи дека не му верувате на своето дете или мислите дека е пречувствително и претерува.

„Само игнорирај го и оддалечи се од него“.

До моментот кога дошло да зборува со вас, детето веројатно веќе се обидело да го игнорира или да побегне од проблемот, но не успеало. Затоа и дошло кај вас.

Што треба да кажете?

Вашиот одговор треба да биде комбинација од следните одговори:

„Многу ми е жал што го слушам ова“.

„Фала што ми го кажа ова“.

„Ајде малку да размислиме па да видиме што да направиш за да го решиш ова“.

Што ако вашето дете ви каже: „Ќе ти кажам но мора да ми ветиш дека нема да направиш ништо“? Ова е веројатно збунувачки момент. Сакате да ви каже што не е во ред, такашто е разбирливо дека ќе го ветите тоа, но не сакате да ветите нешто што ќе морате да го прекршите затоа што во тој случај вашето дете ќе отиде кај некој друг по совет. Наместо тоа, можете да му го кажете ова:

„Би сакала да ти ветам, но не можам. Причината за ова е затоа што можеби ќе ми кажеш нешто што заедно нема да можеме да го решиме или нема да знам што треба да се направи. Но она што можам да ти го ветам е дека ако е потребно мислење од некој друг, ќе ти кажам и ние заедно ќе одлучиме која е најдобрата личност за нашиот проблем“.

Ако го вклучите своето дете како дел од процесот, тоа може да ги толерира вашите одлуки, дури и ако не се сложува со нив. Вие самите мора да сфатите дека проблемите на вашето дете се негови лични проблеми и дека за се што ќе направи ќе мора да ги сноси последиците.

loading...