Детријархат!

Прво сме живееле во матријархат и владееле жените. Потоа настанал патријархатот и владееле мажите. Денеска влеговме во детријархат и владетели станаа децата.

0
495

Кога нашите родители биле мали, децата не смееле да седат на масата за возрасните кога се ручало. Имале свое место на кое јаделе. А најголемо задоволство им било кога дедото ќе се свртел кон нив и ќе уфрлел некое убаво парче во нивната чинија или кога во чашка за ракија ќе им ставел малку домашно вино. Дури кога ќе тргнеле на училиште почнувале да седат на масата за возрасни. Но не смееле ништо да зборуваат, само да слушаат и да учат од возрасните.

Кога тие биле мали им било чест да ги служат возрасните. Сметале дека е тоа нивна обврска за сета љубов која ја добивале. Ги учеле да им помагаат на постарите и да помагаат дома. Морале да работат и да му бидат од полза на семејството. Со топка играле предвечер или во неделите. Кога тие биле мали никој не ги чувал. Останувале дома сами, често со помладите браќа и сестри па така најстарите деца во семејството и најбрзо растеле и созревале. Морале да јадат тоа што ќе им се стави на масата. Никој не им исполнувал никакви желби, ниту пак им подготвувал посебна храна. Ако не сакале да јадат, си оделе на спиење гладни.

Кога тие биле мали, светот бил сосема поинаков. Поинаков беше и кога ние бевме мали. Денеска се се смени. Од корен. Децата станаа господари на семејството. Се им е подредено на децата и ним мора да им се угодува. Добри родители се оние кои можат да им ја исполнат секоја желба на своите деца. Граници повеќе не постојат. Односно, граница е трпението на родителите.

Децата први седнуваат да јадат, одбираат што ќе јадат и ако храната не им се допаѓа, мајките им приготвуваат ново јадење. Татковците служат како канта за отпадоци. Штета е да се фрли веќе приготвената храна, па со неа ги хранат татковците. Децата го водат главниот збор за се. Зборуваат постојано а родителите внимателно ги слушаат и им се восхитуваат на поради сето она што го научиле од интернет. Кога ние бевме мали не смеевме да им упаѓаме во збор на возрасните. Кога ние бевме мали растевме на улица, игравме жмурки и возевме ролшуи, а дома се прибиравме кога ќе не викнеа од прозорец на вечера. Кога бевме мали никој не се грижеше за нашите детски права. Немирните деца добиваа заушкиили барем тегнење на уши.

Денеска никој не смее да ги пипне. Државата ги штити дури и од родителите. Совети можат да добијат од професионалните заштитници на децата кои повеќе се грижат за нив отколку родителите. Така родителската љубов е понекогаш дури и непотребна. Децата ги гледаат родителите како музичка кутија за исполнување на желби. Лоши се родителите што не им ги исполнуваат желбите. Дедовците и бабите се во служба на размазените деца. Бабите им носат вода во кревет, а дедовците им ги носат чантите до училиште. Невоспитаните деца ги малтретираат учителите и наставниците затоа што да се биде невоспитан е ИН. Детските права се над сите авторитети. Детската индустрија им е подредена на невоспитаните деца. Таа заработува манипулирајќи со нив. Им се наметнуваат трендови што мора да се следат. Губитници се оние кои не можат да ги следат трендовите. Потрошувачкото друштво ги голта невоспитаните деца.

Родителите прават голема грешка во воспитувањето на децата. Со својата љубов ги прават неспособни за живот. Но помеѓу семејството и надворешниот свет има голема разлика во добивањето на внимание. Па затоа доколку навреме не ги подготват за живот, децата не се доволно цврсти и постои опасност да се изгубат, да заталкаат и да не можат да се најдат. Како овие деца ќе ги воспитуваат своите деца?

Никогаш не било потешко од сега да се воспитуваат деца. Никогаш не владеел поголем тоталитаризам во општеството. Наместо мајки и татковци, сега се воведуваат и семејства од истополни родители, децата се прават во епрувети а како тргнало, наскоро нема да имаат ниту имиња, туку само шифра на епруветата од која излегле. HY12RF нема да се вљуби во UV38TZ. Не постои љубов помеѓу шифри. Човештвото мора да се одбрани. Како? Со укинување на детријархатот.

Децата не можат да управуваат со светот! Децата мораат да растат. Затоа, помогнете им на своите деца да пораснат, бидете со нив, учете ги грижете се за нив, но не дозволувајте да бидат изманипулирани. Дозволете им да создаваат свои игри, бидете строги, но правични. Казнувајте ги ако заслужат, разговарајте со нив и планирајте, пренесете им ги своите знаења и паметните искуства. Единствен начин нашите деца да бидат подобри од нас е да ги воспитаме самите за потоа и тие да можат да ги воспитаат своите. Така ќе траеме.

[better-ads type='banner' banner='999' ]