Децата ги преземаат училиштата

На овој ден - годишнината од Конвенцијата за правата на детето - децата од целиот свет организираат преземање на училиштата за да го кренат гласот во знак на солидарност со најобесправените и најранливите деца во светот.

0
76

Целта на одбележувањето на Светскиот ден на детето е да се сензибилизира јавното мнение и институциите за потребата од заштита на малолетниците од злоупотреба, насилство и разни облици на дискриминација.

Исто така целта е да се поттикнат организациите кои се занимаваат со човечките права и слободи на преземање конкретни чекори за заштита и унапредување на детските права затоа што тие права се темел за создавање на напредно општество.

За жал, се уште постојат деца на кои им се скусени основните животни права затоа што тие се искористуваат како работна сила, учествуваат во воени судири со оружје, се присилуваат на проституција и слично.

Секоја година милиони деца во светот се жртви на насилство, сексуално злоставување, експлоатација на труд, трговија со луѓе и физичко и психичко казнување.

Светскиот ден на детето – 20 Ноември се одбележува од 1954 година. На денешен ден во 1959 година Генералното Собрание на ОН усвои Декларација за правата на децата, а на 20 ноември 1989 година ја усвои и Конвенцијата за правата на детето.

Од 1989 година, како Универзален ден на детето се одбележува денот кога Генералното собрание на ОН ги усвои Конвенцијата за правата на децата и Декларацијата за правата на детето.

Денеска, градоначалникот на Велес – г. Аце Коцевски, претставникот на УНИЦЕФ – г. Бенџамин Перкс, и претставници од Министерството за образование и наука ќе учествуваат во активностите што ги подготвија учениците од ОУ „Васил Главинов“ во Велес по повод Светскиот ден на детето – ден на акција од децата, за децата.

На овој ден – годишнината од Конвенцијата за правата на детето – децата од целиот свет организираат преземање на училиштата за да го кренат гласот во знак на солидарност со најобесправените и најранливите деца во светот.

Тоа е забавен ден, со сериозна порака. Во училиштата низ земјата, учениците ќе се приклучат кон иницијативата со активности #ДецатаГипреземаатУчилиштата (#KidsTakoverSchools) за да започнат значаен дијалог за правата на децата и прашањата со кои се соочува нивната генерација.

 

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Please enter your comment!
Please enter your name here