Децата на Бил Гејтс не добивале мобилни телефони до 14.години

Во нашата куќа мобилните телефони не се користат во текот на оброкот, а децата своите први телефони ги добија на 14 години, иако пред тоа се жалеа дека многу нивни пријатели веќе долго имаат, рекол Бил Гејтс.

0
645

Многу родители си го поставуваат прашањето кога е вистинското време детето да добие мобилен телефон. Ако го прашате за ова еден од најголемите тегнолошки гиганти, оснивач на корпорацијата Мајкрософт и голем филантроп Бил Гејтс, еве што ќе ви каже (Гејтс го изјавил ова во интервјуто за The Mirror).

„Во нашата куќа мобилните телефони не се користат во текот на оброкот, а децата своите први телефони ги добија на 14 години, иако пред тоа се жалеа дека многу нивни пријатели веќе долго имаат“, рекол Бил Гејтс.

Исто така, Гејтс кажал дека според нивните домашни правила, се знае времето после кое е забрането да се користат било какви екрани (ТВ, компјутер, телефон) и во нивниот случај, тоа им помагало да одат на спиење на време“, додава еден од најбогатите луѓе на светот.

Ако од некого можете да прифатите совет, тогаш е тоа секако токму тој, човекот кој е еден од зачетниците на новите технологии, а кој на своите деца битно им ја ограничува нивната употреба.

loading...