Децата на разведени родители кои не зборуваат меѓусебе имаат намален имунитет

Изложеноста на родителска разделба или развод во детството при што родителите не соработуваат кога станува збор за детето и неговата вклученост во животот на двајцата родители е поврзано со зголемен ризик за намален имунитет и смртност за време на зрелоста.

0
739

Децата од разведени родители кои не комуницираат помеѓу себе после разводот и не се договараат за вклученоста на децата во животот на двајцата, имаат послаб имунитет во текот на целиот живот.

Ова досега беше само претпоставка но сега е првпат и медицински докажано. Ова истражување се однесува, пред се, на оние чии разделени родители не комуницирале еден со друг. Исто така, истражувањето се однесувало на тоа дали изложеноста на разделени родители во конфликт е поврзано со поголем вирусно-индуциран инфламаторен одговор во зрелите години и со зголемена подложност на вируси предизвикана од горните респираторни болести.

Во истражувањето биле опфатени 201 здрави доброволци, на возраст помеѓу 18 и 55 години, кои биле ставени во карантин и експериментално изложени на вирусот кој предизвикува настинка, и во текот на пет дена бил следен развојот на респираторни болести.

Докторите предводени од Михаел Марфи (Michael Murphy) секојдневно го испитувале нивото на инфицираност кај испитаниците и на крајот од испитувањето станува јасно дека испитаниците кои се помалку имуни на вирусот и имаат речиси 3 пати поголеми шанси да се разболат од другите, како деца поминале низ развод на своите родители и сите биле деца на родители кои немале контакт помеѓу себе. Останатите учесници се деца кои израснале со родители кои биле во брак или пак нивните родители биле разведени, но имале коректен однос и децата можеле безгрижно да поминуваат време и со двајцата родители.

Според истражувачите стресот го намалува имунитетот, ја зголемува слабоста на организмот при воспаленија и воопшто, го зголемува ризикот од заболување. Испитувањето покажува дека последиците од стресот кои децата го доживуваат во детството има последици врз нив и до 40 години подоцна. Пред ова научно истражување, само се дискутираше за психичките последици и беше јасно дека децата чии родители имаат проблематични односи, имаат зголемен ризик од страв, депресија како и непријатно однесување и попуштање во училиште, но и како повозрасни имаат зголемен ризик од психичко заболување. Досега само се претпоставуваше и за прв пат е докажано дека конфликтините односи или целосно прекинатите односи после развод кај децата имаат долгорочна штета и на имуниот систем. Досега беше познато дека кај децата од проблематични разводи се зголемени појавите на астма, а истите како возрасни имаат зголемен ризик од срцеви заболувања и инфаркти.

Во резимето од оваа студија авторите потврдуваат и нагласуваат дека проблемите не се дефакто кај разводот, туку кај проблемите кои во повеќето разводи настануваат кога родителите не соработуваат.

Авторите им препорачуваат на родителите да го имаат предвид ова за да ги заштитат своите деца долгорочно од здравствени проблеми.

 

loading...