Децата со сетилна попреченост ги поместуваат границите

Додека некои ја гледаат физичката попреченост како препрека, постојат луѓе кои ја гледаат како можност, можност да се поместат границите во умот.

0
133

Настан со кој ќе се укаже на еднаквоста кај лицата со сетилна попреченост со пораката „Место за сите има – Еднакви под сонцето“ ќе се одржи во понеделник во Информативниот центар на ЕУ во 16 часот во организација на Невладината организација „НВО Детски свет – Нов почеток“ и „Светот на дланка“.

Целта е младинска социјална-инклузија и презентирање пред јавноста дека не треба да постојат ограничувања во секојдневието кај лицата со сетилна попреченост, а со тоа секоја активност од сите сфери на живеењето на овие лица да биде можност за понатамошен напредок во создавањето на услови и поефикасни решенија во менување на стереотипите.

На настанот свечено ќе се официјализира меморандумот за меѓусебна поддршка и соработка помеѓу Министерството на труд и социјална политика и „НВО Детски свет – Нов почеток“.

Тимот на Систина – Офталмологија и Христина Ристовска како гости ќе одржат говор на тема „Навремена детекција на деца со оштетен вид“ со цел ефикасен третман и навремено и квалитетно лекување.

Главната цел на овој настан е достигнување воедначен развој на лицата со и без физичка попреченост на целата територијата на Република Македонија, како и создавање услови за воспоставување и промовирање инклузивни настани и иницијативи што промовираат интеракција помеѓу децата и младите. Овозможување постојан и непречен пристап на фокусот на проектите, соработка со сите општини во Републиката, со континуирана заложба за понатамошен развој и подигнување на степенот на свест.

Иноваторот и креатор Никола Танчевски ќе ги претстави своите неверојатни дела кои ќе го олеснат секојдневнието на лицата со сетилна попреченост и комплетно ќе ги направат независни во сите сфери на живеењето.

– Додека некои ја гледаат физичката попреченост како препрека, постојат луѓе кои ја гледаат како можност, можност да се поместат границите во умот за да се успее и да се оствари нивниот сон. Затоа што позади секој успех стои труд, пасија и човек подготвен да се соочи со предизвиците на патот кон целта – вели Суарет Алишан од „НВО Детски свет – Нов почеток“.

Настанот ќе биде надополнет од млади музички таленти кои своите сетилни препреки не ги гледаат како пречка за нивната музичка надоградба и творење, а пред гостите на овој настан ќе биде прикажано и видео на кое ќе говорат познати лица на македонската јавност, лица од естрадата, од јавниот свет, лица од различни фели и професии на тема што тие би придонеле за лицата со сетилна попреченост да бидат редовна публика на нивни музички настап, изложба модна ревија со цел да се докаже дека попреченоста не е пречка за живот исполнет со успеси.

[better-ads type='banner' banner='999' ]