Дали девојчињата прерано стануваат девојки?

Меги Хамилтон, авторка на книгата „Што им се случува на нашите девојчиња“ вели дека „прескокнувањето на детството“ станало општ тренд и загрижено им се обраќа на родителите за да им обрне внимание дека ништо од тоа не е добро.

0
220

Девојчињата сега стануваат девојки на 10 години затоа што уште тогаш почнуваат да се депилираат, да ги лакираат ноктите, да и го „крадат“ карминот на мама. Уште во претшколска возраст бараат брендирана гардероба, во четврто одделение држат диета, на 13 години разменуваат пораки со сексуална содржина, а на 15 се во „сериозни“ врски.

Меги Хамилтон, авторка на книгата „Што им се случува на нашите девојчиња“ вели дека „прескокнувањето на детството“ станало општ тренд и загрижено им се обраќа на родителите за да им обрне внимание дека ништо од тоа не е добро.

– Тие го прескокнуваат детството што им го скусува природниот процес на созревање – вели Хамилтон. – Мајките почнуваат да ги праќаат девојчињата на бразилска депилација штом ја добијат првата менструација. Што е следното?

Нејзиниот заклучок е дека на девојчињата во позрели години повеќе ништо нема да им биде интересно, затоа што во период кога треба да си играат со кукли, испробале се што некогаш било резервирано за возрасните. А притоа, останале длабоко незрели.

loading...