Доктор Жан Митрев направи ретка сложена операција на детско срце

Марфан синдромот од кој боледувало деветгодишното девојче е многу редок кај пациентите од женската популација, а физичките промени се забележуваат од самото раѓање

0
922

Д-р Жан Митрев, на 20 јуни, 2017(вторник) изврши сложена реконструктивна хируршка операција на деветгодишно дете со дијагностициран Марфан синдром. Марфан синдромот е многу редок кај пациентите од женската популација, најчесто се дијгностицира после 10-та година, а физичките промени се забележуваат од самото раѓање(високи, грациални со долги екстремитети, деформитети на градниот кош, долги тенки прсти, кифосколиоза, високо непце, дентални абнормалности, миопија кај 75% од пациенти). Кардиоваскуларната манифестација е со појава на аневризма на аортниот корен, пролапс на предниот митрален куспис.                                                                   “Кај пациентката тенденција беше да се задржи природното ткиво и да се овозможи нормален раст и развој. Затоа и се одлучи да се направи реконструкција на аортниот корен по Tirone David техника каде е задржана природната валвула на пациентот, при што е затегнат нативниот аортен прстен. Вавулата е реимпантирана ( повторно креирaна) во специјална протеза од Албографт 28мм која се постави во позиција на почетниот дел на аортата и со која се направи реконструкцијата на самиот корен. Потоа, на истата протеза повторно се креираа отвори на кои се прешија двете главни коронарни артерии. Протезата од 28мм со која се реконструираше аортниот корен се надоврза со протеза од 20мм со која се замени нагорната аорта. Истата, се соши на аортниот лак. Со трансезофагеално ехокардиографија се потврди дека валвулата уредно функционира“.

Мајката на девојчето е благодарна за спасениот живот и среќата поради тоа што животот на нејзиното дете е во најдобрите раце.

„Детето беше следено долго време поради шум на срцето и правевме редовни контроли, при што аортата се зголемуваше. По препорака се јавивме на преглед овде и по прегледот од д-р Иван Милев и консултацијата со д-р Жан Митрев беше направена операцијата која е успешна“, објаснила мајката.

Досега, во Специјализираната болница ЖАН МИТРЕВ се оперирани 834 пациенти со заболување на аортата, од кои 331 со акутна дисекција и 234 со аортни аневризми, меѓу кои и  3 деца со Марфанов Синдром.

За сложеноста на операцијата потврдуваат снимките од КТ и шематскиот приказ.

loading...