Долу еманципација!!!

Повеќе би сакала секој ден да готвам, да чистам, да мијам садови и да чувам деца, отколку вака еманципирана, да се грижам за милион други нешта. Светот можеби и напреднал, ама па, што им фалело на нашите прабаби?!

0
2578

Се повеќе жалам што не живеам онака како што живееле нашите баби и прабаби и уште повеќе ми одат на нерви оние машкуданести феминистки, кои толку се бореле за некојаси глупава еманципација и за таканаречените женски права.

Мене животот на нашите прабаби баш и не ми изгледа многу назадно.

Всушност, се посигурна сум што сакам сега.

Сакам да сум една од оние, демек, нееманципирани и слаби жени, кои не носат одлуки, не се разбираат во сметки, компјутери, машини за перење и телевизори и кои не само што не мораат, туку и не смеат да комуницираат со мајсторите за истите.

Што им фалело на нашите прабаби?!

Џанам! Како да, ако само еднаш го заборавам телефонот дома. ќе ми пропадне

бизнисот. А верувајте, немам ниту една акција на берза.

Посакувам во чантата да си задржам само еден несесер со шминки и до крајот на животот да глумам слаба и чувствителна женичка, неспособна за какви било комплицирани работи, ангажмани и расправии.

Посакувам да сум една најобична нееманципирана домаќинка, која освен за ручекот, за децата и за куќата, нема да мора да се грижи за ништо друго.

И што му фали на готвењето?

Не можам да се изначудам! Можеше ли да се толку глупави, па од еден  обичен ручек, валкани алишта и замастени садови да направат проблем?

Што е пак толку тешко и нееманципирано да се зготви нешто, да замириса куќата на топло лепче, растопен путер, па дури и на кисела зелка?! И да, дефинитивно повеќе би сакала секој ден да готвам, да чистам и да мијам садови, отколку сосема сама, вака еманципирана, да се расправам со сите оние мајсторишта, кои кога-тогаш мора да влезат во сечиј дом. Преку глава ми е од нивниот став и од оној нивен поглед со кој како да велат: „А кај ви е мажот, немате маж?! Ооо, па како ќе се разбереме сега?!?“

Мразам математика

Исто така, мразам да пазарам затоа што ништо немало во фрижидерот (сакам да пазарам само кога ми е кејф), не сакам да стојам ни во редот во банка, не сакам да пресметувам и да собирам сметки и рати (математиката никогаш не ми одела од рака), да ги плаќам картичките, да се плашам од инкасатори. Зошто за тоа да не се грижи некој друг?

И зошто воопшто си ги натоваривме на грб овие глупави обврски?! Ова го сметаме за напредок и еманципација?!

Поголема еманципација, повеќе обврски

Точно е дека сега можеме да патуваме без машка придружба, можеме да избираме дали ќе се омажиме или не, дали ќе се разведеме, постои контрацепција и право на избор.

Светот е навистина напреднат, ама тоа нели ни донесе повеќе главоболки од кога и да е?

Забележувате?

Сега само имаме повеќе обврски и повеќе грижи.

Особено ние, џанам, ептен еманципираните, што живееме сами.

Драгица Христова

loading...