Еден месец без домашни задачи!

Учителите во Хрватска покренале виртуелна иницијатива со која предлагаат на децата во училиште да не им се даваат домашни задачи цели 30 дена, затоа што сметаат дека тие имаат повеќе негативни отколку позитивни аспекти.

0
119

Иницијативата „30 дена без домашни“ ја иницирал на Фејсбук Марко Ферек, претседател на здружението за разбирање на АДХД, а досега почнале да ја применуваат десетина учители ширум Хрватска и полека се проширува.
– Го прифаќам предизвикот! Еден месец нема да им давам домашни на своите ученици – напишала една учителка од Маркушевци и така му се придружила на експериментот.

– Најновите истражувања во светот се поразителни за оваа стогодишна практика: домашните задачи се без ефект и претставуваат губење време за учителите, родителите и децата – пишува „Јутарњи лист”.
Истовремено, во Шпанија повеќе од 12.000 училишта учествуваат во сличен проект инициран од родителите. Неколку десетиви илјади мали Шпанци од неодамна исто така нема да добиваат домашни задачи и тоа ќе потрае во текот на цел декември.
Оптоварен мозок
– Ако го оптовариме мозокот, тој престанува да учи. Ако го растовариме и му овозможиме да биде позаигран, тој почнува подобро да усвојува нови знаења. Тоа е научно докажано и време е и Хрватска да ја прифати праксата која е веќе усвоена во повеќето земји на Европската унија. Поголемиот дел од наставната програма децата би требало да го усвојуваат во училиште, увидов дека учителите се свесни за овој проблем и дека имаат желба за промени, но им недостасува системска поддршка. Но, промените сепак не можат да ни ги донесат ниту министерството ниту политичарите, само учителите ја имаат таа моќ. Имавме желба преку јавен форум да ги мотивираме учителите да ги прифатат предизвиците и да ги испробаат иновативните начини на работа, да се поврзат и да разменат искуства и нови методи на работа – вели Ферек, чиј предизвик го прифатила и учителка од Загреб.
– Децата се воодушевени, а и повеќето родители добро го прифатија овој наш мал експеримент. Тие кои се скептични кон идејата имаат доверба во мене. Мислам дека денешните деца се довочно спретни, самостојни и способни да усвојуваат нови знаења исклучиво за време на наставата. Децата во раната возраст не треба премногу да се оптоваруваат со задачи надвор од училиштето затоа што ги чекаат уште барем 12 години седење во училишни клупи. Домашното е добро ако децата самите го решаваат, но ако го има премногу, тогаш станува ноќен кошмар и за децата и за родителите. Најголемата грешка на родителите е да ја сработуваат домашната задача наместо нивнитре деца. Уверена сум дека моите ученици ќе доажаат впо училиште со поголема радост ако дома имаат повеќе време за скокање и за играње, за развивање на сипствени идеи и за некои други вештини. Кај моите првачиња е најважно читрањето па им реков дома наместо домашно да читаат стрипови, да ги читаат омилените бајки, забавни весниуци и списанија и друго четиво кое ги интересира – раскажува учителката Фаркаш.
Одлични искуства
Веќе две недели истиот програм го спроведува и учителката Ксенија Доминковиќ која предава на комбинирано одделение од 3 и 4 одделение во училиште во Вуковарско-сремската жупанија.
– Учениците и родителите беа воодушевени од експериментот па веднаш почнавме да го реализираме. Дополнително ги поттикнав со тоа што им кажав дека домашни ќе добиваат само учениците кои не работат вредно на часовите. Овие две недели атмосферата ни е многу поопуштена затоа што часовите не ни почнуваат со поправање на домашните и со евидентирање на тоа кој ги напишал а кој не – вели оваа учителка.
Можеби е време за еден ваков експеримент и во Македонија. Што мислите вие?

loading...