Еко маскембалска журка  

На 2 април во градинарскиот центар „Фоја“ се организира едукативно-реакреативен настан за деца под маски.

0
143

Неколку невладини организации (Уметност на живеење, СУНА – Скопје,  Арт Лајф и Арт Ексел) и градинарскиот центар „Фоја“ организираат еко маскембалска журка на 2 април (недела, 11 часот), во градинарскиот центар Фоја. Влезот е слободен, а маските се задолжителни.
Овој едукативно рекреативен настан се организира 4-та година по ред и опфаќа повеќе активности:

  1. Едукативен дел – експертите и тимот од градинарскиот центар, стручно ќе го објаснат процесот на создавање и развивање на дрво од една семка,

2. Практичен дел – децата ќе имаат можност да учествуваат во садењето на дрво даб од семка и да ја видат целата постапка
3. Рекреативен дел, забава, игри и дружење.
Целта на овој настан е поттикнување на свеста кај децата и кај родителите за што повеќе време за дружење со природата, поттикнување љубов и грижа кон неа. Ова е посебно важно во денешното време на модерни технологии, кога децата поминуваат најголем дел од денот пред компјутери, телевизор, телефони…
Градинарскиот центар Фоја се наоѓа на ул. „Борис Трајковски” (поранешна Првомајска) – веднаш до фабриката Усје бр. 152 А, Скопје.

loading...