Енергетските напитоци не се за деца

Ваквите напитоци го зголемуваат ризикот од хиперактивност и пореметување на вниманието, a изложеноста на кофеин има значајно влијание вrз растот и развојот на мозокот.

0
81

Познато е дека енергетските напитоци не се осмислени за да даваат енергија туку да делуваат како одреден стимуланс на организмот. Исто така, високите дози на кофеин, во комбинација со останатите вообичаени состојки, можат да направат повеќе штета отколку корист, особено кога зборуваме за деца.

Децата кои пијат заблажени и енергетски напитоци имат 66 отсто поголем ризик од хиперактивност и пореметување на вниманието, истакнуваат авторите на истражувањето објавено во списанието Academic Pediatrics.

Научниците нагласуваат дека конзумирањето на енергетски напитоци, односно, изложеноста на кофеин во текот на периодот на адолесценцијата има значајно влијание врз растот и развојот на мозокот.

Истражувањето спроведено на Универзитетот Јејл имало за цел да се добијат сознанија за конзумацијата на напитоците кај децата од училишна возраст. Научниците откриле дека ризикот од хиперактивност и пореметување на вниманието расте за 14 отсто со секој следен засладен напиток што ќе го испие детето. Исто така, се покажало дека децата кои пијат енергетски напитоци имаат 66 отсто поголем ризик од споменатиот од оние деца кои не пијат енергетски напитоци, без оглед на тоа дали истовремено конзумираат од останатите засладени напитоци или не.

Авторите заклучуваат дека комбинацијата на шеќер и кофеин влијае и на зависноста од кофеин, а изложеноста на кофеин во текот на адолесценцијата, кога е мозокот се уште во развој, може значајно да влијае нрз адекватниот сон и исхрана – два клучни елементи за правилен раст и развој на мозокот.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Please enter your comment!
Please enter your name here