Еве зошто е важно децата да готват со вас

Едно истражување покажало дека децата кои учествуваат во подготвувањето на храната јадат повеќе зеленчук од оние кои не учествуваат

0
103

Истражувањето спроведено во истражувачкиот центар Нестле во Лозана ги споредило намирниците кои децата одбираат да ги јадат кога учествуваат во подготвувањето на оброкот со оние за кои се определуваат кога не учествуваат во тоа.
Вкупно 47 родители со деца на возраст од 6 до 10 години, подготвувале оброци од различни намирници како што се похувано пилешко, салата, карфиол и тестенини.
Половина од децата им помагале на родителите во подготвувањето, додека другата половина деца си играле.
„Децата кои готвеле со родителите изеле поголем дел од својот оброк и значително поголема количина зеленчук, а резултатите укажуваат на тоа дека вклучувањето на децата во подготвувањето на оброкот може да помогне во развивање на здрави навики во исхраната и да го зголеми консумирањето на зеленчук кај децата“, вели нутриционистот др. Клазин ван дер Хорст, водач на тимот научници кои го спровеле истражувањето.
Децата кои го подготвувале оброкот со родителите изеле околу 76 отсто повеќе салата, 27 отсто повеќе пилешко, а вкупно внеле околу 25 отсто повеќе калории. Исто така, истражувањето покажало дека помагањето во подготвувањето на оброците ја зголемува самодовербата на децата и создава чувство на гордост.
Исхраната во претучилишните установи обезбедува 70 до 75 отсто од дневните енергетски потреби и претставува коректор на семејната исхрана, а во градинките се организира активнпо учество на децата во подготвувањето на храната, особено од намирници кои децата потешко ги прифаќаат.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Please enter your comment!
Please enter your name here