Генијален изум на еден татко

Ако се прашувате како да го задржите вниманието на вашето дете малку подолго, еве една фантастична идеја. За да му најде забава на своето дете, овој татко на големо пано монтирал брава, приврзоци за клучеви, стар телефон, држач за тоалетна хартија и други предмети за секојдневна употреба.

0
98

Еден снаодлив татко се досетил како да му најде забава на своето дете со помош на предмети кои секојдневно ги употребуваме во домаќинството и ја споделил фотографијата на социјалните мрежи. Се разбира, идејата е одлична па фотографијата станала вистински хит.

На децата знае понекогаш да им биде здодевно, па постојано истражуваат и бараат нови работи. Вистина е дека се многу заинтересирани за клучеви, врати, за домашни апарати и слично. Токму со ова се раководел и таткото со прекар teachezofpeachez  кој на социјалната мрежа Imgur ставил фотографија од својот интересен изум.

Иако некои од предметите ни будат сомнеж во однос на нивната безбедност, идејата е сепак одлична па доколку сакате да ја испробате, вклучете ја својата креативност и заменете некој од тие предмети со нешто што сметате дека е побезбедно. Ова сигурно функционира и ќе го задржжи вниманието на вашето дете.

loading...