Гласајте за вашиот фаворит!

Фановите на социјалните мрежи ќе можат да гласаат за своите фаворити на Талент шоуто кое беше организирано викендов на Фестивалот за деца во Скопје Сити Мол. Гласањето ќе трае заклучно со 08.12.2017.

0
13

Детски џагор, среќни лица, весели насмевки и задоволни родители можеа да се видат викендов на Фестивалот за деца во Скопје Сити Мол. Тридневната програма создаде весела атмосфера и го исполни трговскиот центар со насмеани посетители.

Во рамки на фестивалот беше организирано Талент шоу, на кое се избираат млади фото модели и таленти по пеење, танцување, глума и јутјубери. Фановите на социјалните мрежи ќе можат да гласаат за своиие фаворити заклучно со 08.12.2017.

Најлајкуваните 12 фотомодели (6 машки и 6 женски) ќе бидат вклучени во наредните детски кампањи на Скопје Сити Мол и ќе добијат пригодни подароци, а исто така ќе бидат наградени и најдобрите 6 видеа (по 3 од двете возрасни категории).  За да гласате за Вашите фаворити посетете ја фан страната www.facebook.com/SkopjeCityMall/ и дадете го Вашиот глас (лајк) за фотомодел или талент видео.

Додека децата се забавуваа, родителите ги посетија продавниците во шопинг центарот и го искористија големиот попуст од 20 до 70 отсто кој важеше во 28 продавници за време на фестивалот.

 

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Please enter your comment!
Please enter your name here