Гледаш дека бев во право?

„Нели ти реков“ и други варијации на оваа тема, се дел од опасните реченици кои родителите често им ги кажуваат на своите деца. Па што ако понекогаш сте биле во право? Вие имате неколку децении животно искуство за разлика од вашето дете

0
262

Да се биде родител не е лесно и додека за сѐ друго во животот постои некоја едукација, за оваа улога мора сами да учиме, паралелно со детето кое и самото се развива и учи секој ден. Токму затоа би требало да вложиме повеќе труд за оваа улога отколку за други работи во животот, да се преиспитуваме и да се корегираме од ден во ден.

Многу работи кои несвесно ги правиме како родители сме ги научиле од нашите родители и тоа е во ред и нормално, меѓутоа, дали некогаш сме се запрашале дали можеме поинаку и дали можеме подобро?

Ова особено се однесува на сѐ она што било лошо во нашата комуникација со родителите додека сме биле деца. Дали некогаш сме се запрашале како некои зборови и некои постапки влијаеле на нас и дали можеме да го поправиме тоа сега кога имаме сопствени деца.

Можеби секој од нас знае што е тоа што било лошо во неговата комуникација со родителите, но дали умееме да го поправиме кај себе тоа сега кога и сами се наоѓаме во таа улога.

Токму на оваа тема пишува српскиот педагог Јелена Холцер во книгата „Ајде да зборуваме за…вештина на комуникацијата со децата“.

Секој дел од таа книга е разработен и објаснет. Комуникацијата е навистина голема работа затоа што само така можеме да го решиме јазот кој го имаме и кој е создаден со годините, искуството и наследството кое го влечеме со себе.

Од таа причина некогаш мислиме дека децата не не слушаат или не сакаат нешто да ни кажат, а всушност ние правиме конфликт и ја отежнуваме комуникацијата.

Препреки за успешна комуникација

Најчести препреки во комуникацијата се: наведување на детето на решението на проблемот или на давање одговор каков што ние сакаме да слушнеме, потсмевање или несфаќање на сериозноста на некој проблем на детето и тн.
Исто така и:

Вкрстено испитување (Каде си до сега?Што си мислеше? Зошто веднаш не се јави?…)
Советување, сугерирање (Би ти било подобро ако…)
Поучување (имаш само три недели до крајот на полугодието а види какви ти се оценките)
Закани
Морализирање
Засрамување (Срам те било, ти си лажги…)

Заеднички именител на сите овие реакции е тоа што сите почнуваат со ТИ. ТИ си крив што, Ти го правиш ова, ти не знаеш тоа. Детето тоа го сфаќа буквално. Јас сум лош. Заради ваквите реченици детето се чувствува загрозено, а можниот избор како ќе реагира е или да почне да се брани или да тера инает.

Кажувајте ЈАС зборови. На пример, наместо: Секогаш така безобразно ме прекинуваш кога зборувам (кога вие всушност упатувате критика и ја вреднувате неговата постапка), но ако кажете: кога ме прекинуваш кога зборувам, заборавам што сакав да кажам…“ сте ставиле акцент на она што се случува кога ќе ве прекине во зборувањето. Со ЈАС пораките соопштуваме што се случува во нас во врска со некое однесување, кои наши потреби се загрозени со таквото однесување, како се чувствуваме во врска со тоа и на кој начин се нашите потреби загрозени со таквото однесување, како се чувствуваме во врска со тоа и на кој налин би сакале ситуацијата да се смени. Јас пораките често почнуваат со зборот КОГА, а тоа значи дека не сте секогашп лути туку само КОГА…

Опасни реченици

„Додека си под мој покрив“. Му порачувате на детето дека тоа под вашиот покрив нема ниту приближно исти права како и вие (затоа што е покривот ваш, а не негов, односно, не е заеднички)
„Ти кажав, нели ти реков…гледаш дека бев во право …“
Па што ако понекогаш сте биле во право, вие имате неколку децении животно искуство за разлика од вашето дете. Но тоа сепак не ви дава право да ја користите оваа реченица. Таа целосно ја затвора секоја идна комуникација. Детето нема да ви се доверува и да ги признава своите грешки ако знае дека од вас ќе добие ваков одговор.

„Затоа што јас така викам“

„Чекај да се врати татко ти“
„Ти кажав еднаш, ти кажав илјада пати“
Кој е резултатот од вашата лоша комуникација со детето, каков однос со детето добивате? Тоа се повлекува во себе, молчи или почнува да ви ја упатува вам, сега во еден поинаков контекст, овој пат за вас опасната реченица: „Пушти ме на мир“.
Активен говор

Активен говор е она што го зборувате вие додека го слушате своето дете. Така го поттикнувате да зборува уште повеќе. Суштината на активниот говор е дека тоа зборува сѐ додека смаото не дојде до одговор или до решение на некој свој проблем. Кога го поттикнувате детето да зборува, вистинските зборови се:
Навистина…
Мислиш…
Сериозно…
Сфаќам…
Сега гледам…
Кога повикувате на подиректен разговор кажете:
Раскажувај ми уште за тоа
Би сакал да го знам тоа
Сега гледам дека ти е тоа важно
Кажи ми како гледаш ти на тоа …
Ако добро разбрав, ти си се почувствувал така затоа што…
Поправи ме ако грешам, но јас сфатив дека ти…

Мали трикови

Користете ги волшебните зборови ТЕ МОЛАМ, ИЗВИНИ, ФАЛА…Далеку поголем успех кај детето постигнувате доколку нешто го замилите и користите : „Дали би можел, Сакаш ли, те молам…“
Ајде да…или Ајде заедно да… кога нешто наредувате, направете го тоа на позитивен начин
Избегнувајте реченици со „немој“. Децата мислат во слики. На пример: „Немој да трчаш“. Колку повеќе го повторувате тоа, детето сѐ повеќе се гледа себе како трча и сѐ повеќе му се прави токму тоа: Обидете се со: „Сакам да забавиш и да одиш“. Ако користите позитивно формулирани реченици на детето му кажувате што треба, а не што не треба да прави“.
Наместо МОЖЕШ ЛИ, користете ДАЛИ БИ. Има поголем ефект
Наместо НАПРАВИ, користете ДАЛИ БИ и САКАШ ЛИ. На пример, наместо: „Ја остави чинијата на маса“, кажете „Дали би ја однел чинијата до мијалникот“. Наместо „Не викај кога си дома“, кажете: „Те молам зборувај потивко“.
Ова се само мали делчиња и извлечени сегменти од книгата која покрива многу теми и досега до комуникацијата со тинејџерите и сѐ со што еден млад човек се бори и се среќава.

loading...