Хај тек пумпа за млеко

Пумпички за измолзување на млеко постојат веќе одамна, но ова е прва која се става во градникот и „оди“ со вас кадешто ќе посакате.

0
1018

Willow Pump е пумпичка која им овозможува на мајките да го измолзат млекото додека работат, додека ги извршуваат своите обврски, додека купуваат …

Пумпичката е направена такашто целата може да ја ставите во корпите од градникот и во внатрешна кеса го собира млекото што ќе го измолзи. Исто така, се поврзува и со мобилен телефон, а се вклучува со едноставен притисок на тастер.

Одлично е тоа што пумпичката нема никакво надворешно шишенце, цевка или слично, заради што е навистина практична ако млекото во тече додека сте на пример, во продавница. Со пумпата се добива и полнач и кесички за млеко за еднократна употреба кои можат да соберат околу 118 милилитри млеко.

Апаратот е тивок такашто тие околу вас нема да слушнат ништо кога пумпата ќе го молзи млекото. Освен тоа, со поврзување на пумпата со мобилниот телефон, можно е да се инсталира и апликација која следи колку млеко е измолзено.

loading...