Хепи јога за сите

Од 22 до 24 септември во Скопје ќе се одржи Програма на среќата: откривање на повеќе мир, енергија и радост.

0
82

Летото е најрелаксираниот и најзабавниот период од годината и неговото завршување често предизвикува лошо расположение.
Затоа е тука Програмата на среќата на која се одржуваат работилници кои нудат посебни техники на дишење кои телото го исполнуваат со енергија, практични алатки за справување со стресот, будење на внатрешниот потенцијал, поголема свесност и радост во секојдневното живеење.

На работилницата на Уметност на живеење, ќе добиете знаење за здивот, Pranayama – јогистички техники на дишење, искуство во медитацијата. Составен дел е и сударшан крија®, техника која користи различен ритам на дишење при што сите клетки се прочистуваат и исполнуваат со кислород и енергија, а истовремено се воспоставува рамнотежа во животот и се спознаваме себеси.

Практикантите велат дека со редовно вежбање (15-20 минути дневно) ја подобриле физичката и менталната способност како и меѓучовечките односи. Повеќе информации можете да најдете на следната интернет страна:www.artofliving.org/mk-mk.

loading...