И идните татковци треба да се откажат од пушење

Според некои истражувања, трудниците изложени на „пасивно пушење“, односно, на чадот од цигарите на своите машки партнери, почесто раѓале недоносени и деца со намалена телесна тежина.

0
212
A hand crushing cigarettes

Едно истражување спроведено во западната турска провинција Бурси, покажало дека повеќе од половина од идните татковци пушеле иако партнерките им биле бремени. Резултатите од истражувањето покажале дека трудниците изложени на „пасивно пушење“, односно, на чадот од цигарите на своите машки партнери, почесто раѓале недоносени и деца со намалена телесна тежина.

Во истражувањето учествувале 499 трудници од кои 132 или 26,5 отсто пушеле пред бременоста. Бројот на пушачки до крајот на бременоста се намалил на 49 или 9,8 отсто.

Др.Дарио Самбуњак истакнува во рубриката која се занимава со новостите од медицинската литература на „Liječničkih Novina дека истражувањето потврдило размерно висок степен на свест за штетноста од пушењето за развој на плодот кај идните мајки. Меѓутоа, идните татковци покажале помала загриженост од идните мајки – дури 262 трудници известиле дека нивните партнери продолжиле да пушат дома.

Кај жените чии партнери пушеле забележан е зголемен број сериозни компликации во бременоста. Кај жените непушачи кои во текот на бременоста биле изложени на „пасивно пушење“, забележана е состојба на прееклампсија обележана со зголемен крвен притисок и патолошка појава на белковини во урината.

Истражувачите на „пасивното пушење“ дошле до заклучок за штетното влијание на пушењето кое го вклучува и „пасивното пушење“ поради што треба да се разговара на оваа тема не само со идните мајки туку и со идните татковци.

loading...