Исхрана во бременоста: Не е важно колку, туку како се храните

Кај постарите луѓе се уште важи мислењето дека трудниците треба да јадат за двајца. Меѓутоа, за развојот и правилниот раст на плодот не е пресудно колку јадете, туку квалитетот на намирниците кои ги внесувате.

0
756

Исхраната во бременоста, како и после породувањето е од витално значење како за мајката така и за бебето. За здравјето на трудницата и за правилен раст и развој на плодот не е пресудна количината на храната туку нејзиниот квалитет и правилен избор.

Нутритивните потреби во бременоста растат како одговор на развојот на ембрионот  како и заради мајчините физиолошки потреби. Здравата исхрана во бременоста како и лактацијата бараат особено внимание и добар план.

Кај постарите луѓе се уште важи мислењето дека трудниците треба да јадат за двајца. Меѓутоа, за развојот и правилниот раст на плодот не е пресудно колку јадете, туку квалитетот на намирниците кои ги внесувате.

Правилната исхрана во бременоста подразбира консумирање на свежи намирници, без пестициди, адитиви и конзерванси. Се препорачуваат пет помали и полесни оброци во текот на денот заради тоа што желудникот на трудницата има помал капацитет, па така и помала способност за варење. Треба да се избегнува премногу солена, зачинета и мрсна храна, како и газирани пијалоци затоа што го отежнуваат варењето, избегнуваат максимално индустриски преработена храна затоа што содржи штетни транс масти.

Со оглед на тоа што од почетокот на бременоста растат потребите за хранливи материи, неопходно е особено внимание да му се посвети на консумирањето на белковини, калциум, цинк, железо, фолна киселина и јод.

Нутритивните потреби зависат од животната возраст, телесната маса и конституцијата, но и од физичките активности и здравствената состојба на трудницата. Енергетскиот внес мора да биде усогласен со промените во метаболизмот кои се менуваат во текот на бременоста, а би требало и да обезбеди заштеда на протеините.

Исхраната во бременоста по недели и месеци се зајакнува, но многу е важно да знаете што и како треба да јадете и секако, тука не станува за количини.

Еве го и нашиот предлог:

Карфиол салата

Состојки:

1 карфиол

500 г ротквици

½ китка свеж магдонос

Сол, црн пипер

Маслиново масло

Приготвување:

Загрејте ја водата во која ќе ставите сол, па кога ќе зоврие ставете ги исчистените цветови карфиол и кратко обарете ги (внимавајте да не ги преварите)

Исчистете ги ротквиците и изрендајте ги, а магдоносот исечкајте го на ситно.

На подизладениот карфиол ставете ги ренданите ротквици и магдоносот, посолете со морска сол, додадете малку црн пипер и прелијте со маслиново масло.

 

loading...