Јакнење на децата на сибирски начин (ВИДЕО)

Еве како се бранат децата во Сибир од поларните зими и од болестите. Прво сауна, а потоа по гаќи на снег кадешто се поливаат со кофа со ладна вода   

0
187

Зима е и температурите се токму такви, зимски, но сите сме неккао исплашени, а деновиве она шпто постојано го слушаме се зборовите: „поларни студови“, „сибирско време“, „невидени температури“ и слично, а родителите ги тунтаат своите деца и надвор ги пуштаат евентуално, само на кратко, колку да не полудат во затворен простор.

Секако дека не можеме да се споредуваме со луѓето кои се навикнати на живот на вакви поларни температури, но не можеме ниту да плукаме по нив иако веројатно првата реакција откако ќе го погледнете видеото е токму таква. Нивните методи сепак се покажале успешни. Имено, за да може телото да се одбрани од надворешните поларни услови треба да биде цврсто и здраво и затоа децата во северните делови од Европа задолжително уживаат во ваквите третмани. Прво сауна во која добро ќе се загрејат, потоа голи трчкаат на снег и се залеваат со кофи со ладна вода, добро се мијат, малку ќе протрчкаат, малку ќе си поиграат и после 2,5 минути трчаат назад во топло на греење со шолја топол чај.

Тоа е пракса со која го прочистуваат своето тело и која им помага подобро да се аклиматизираат, да се прилагодат кон условите и дури за 95 отсто да ја намалат можноста за заболување. Ваквата пракса докажано му помага на организмот да се одбрани од студот и настинките на кои потоа се надоврзуваат и дури бактерии и вируси кои со брзина на молња се шират токму во затворените и затоплени простории.

И затоа, колку и да ви студи, излезете надвор и ако ви е премногу ладно сетете се дека е тоа така само затоа што никогаш не сте ја спровеле оваа пракса.

loading...