Јана Бурческа: Многу спијам и јадам домашен хумус

Нашата претставничка на Евровизија е во седмиот месец од бременоста и веќе знае како ќе се вика нејзината неродена ќерка

0
797

Македонската претставничка на годинешниот избор на песна на Евровизија, Јана Бурческа, која со промотивниот спот за евровизиската песна објави дека е бремена, веќе е во седмиот месец од бременоста. Одлично ја поднесува, нема никакви проблеми и мачнини, освен што многу спие.
Таа, нејзиниот вереник Александар и целата јавност веќе подолго време знаат дека носи девојче за кое веќе имаат одбрано и име, но се уште не сакаат да го објават.
Иако не станува збор за планирана бременост, вели дека таа била најубавото изненадување кое им се случило.
На прашањето дали е подготвена да стане мајка со оглед на тоа што денес возрастната граница за првата бременост е поместена па девојките забременуваат се подоцна, обично после 30-тата, а таа има само 24, Јана вели:
„Возраста според мене е различна од зрелоста, подготвеноста и зрелоста се кај секого индивидуални и се личен избор во кој момент од животот ќе се одлучите на тој чекор или пак ќе го прифатите предизвикот доколку е изненадување. Има и друг аспект во овој случај, а тоа е биолошкиот. Женското тело токму во овие години (од 20 до 30) е најподготвено да носи дете, односно условите се идеални за здрава мајка и здрав плод. Јас сум енотивно многу подготвена да станам мајка, а за тоа, се разбира, најмногу придонесува поддршката од мојот вереник, пред се, како и од најблиските“.
Иако нема проблематична бременост, сепак го сменила досегашниот начин на живот, па сега излегува многу помалку, а и нејзините настапи се сведени на минимум.
„Факт е дека бременоста ме смири, можеби затоа што со бременоста станав огромна спанка. Помалку излегувам, а повеќе сакам да си седам дома. Настапите се сведени на минимум затоа што во оваа состојба реално не можам да ги издржам во полн ефект. Што се однесува пак до промената во начинот на исхрана, секогаш сум била умна по тоа прашање, такашто немаше некои драстични промени, освен исфрлување на производите кои не се препорачуваат за бремени жени. Инаку, омилено јадење ми е домашен хумус.
Јана ќе остане запаметена од целата евровизиска публика по тоа што среде гласањето нејзиното момче ја запроси пред камерите, пред 200 милиони гледачи кои ја следеа полуфиналната вечер. Пред да настапи на Евросонг со промотивниот спот за песната таа објави дека е бремена такашто во една сцена од спотот таа е на ехо преглед во гинеколошка ординација.

Д.Х.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Please enter your comment!
Please enter your name here