Јога на планина

И оваа година „Уметност на живеење Македонија“ организира на Пониква јога семинар и програма за возрасни и за деца од 6 до 13 години

0
135

По повеќегодишното прекрасно и незаборавно искуство, и оваа пролет, од 1 до 4 јуни, во организација на „Уметност на живеење Македонија“ на Пониква ќе се одржи Јога викенд во планина.

Програма исполнета со разновидни содржини, интензивни јога вежби, напредни техники за дишење, длабоки медитации во природа, сесии за личен раст и развој, тимски игри, прошетки…
Во склоп на постоечката програма ќе се формира и група за одржување на работилницата „Програма на среќата“ која нуди посебни техники на дишење кои го исполнуваат телото со енергија и го усогласуваат неговиот природен ритам со умот и емоциите.
На работилницата ќе добиете знаење за здивот, Pranayama – јогистички техники на дишење, искуство во медитацијата. Составен дел е и сударшан крија®, техника со која се воспоставува рамнотежа во животот и се добива исклучително искуство како преку здивот да се поврземе со самите себе.
Покрај програмата за возрасни, ќе има и програма за деца Art Excel јога семинар, наменет за деца од 6 до 13 години.
Работилницата ќе се состои од вежби за комуникација, образовни содржини, акција и игри, тимска работа, физички вежби, вежби за дишење и опуштање.

За сите подетални информации, контакт лица, цена и сместување може да погледнете тука.

loading...