Јужнокорејските деца носат два броја поголеми обувки, а во градинка одат и мрсулави

Во Кореја, практично, не постои „боледување заради нега на детето“, а не може да се земе ни одмор, па затоа децата одат во градинка и кога се болни. Носат маски во разни бои, но мораат да одат. Затоа многу жени се откажуваат од кариерата.

0
1116

Повеќето корејски деца не гледаат странец често и не знаат како да се однесуваат во таква пригода, се плашат да не излезат невоспитани и затоа многу се срамат. Странците ги доживуваат на ниво на Снежен човек.

Историски гледано, Кореја е држава на колективитет со јасно изразена хиерархиска структура. Затоа е природно што децата преку воспитувањето уште од најрано детство се привикнуваат на таква култура. На пример, во градинка, во присуство на постарите, воспитачките им приоѓаат на децата и им ја наведнуваат главата, учејќи ги дека на овој начин, во знак на почит се поздравува повозрасна личност.

На родителите поретко, но на дедовците и бабите Корејците секогаш им се обраќаат со „вие“. Кај нив тоа се постигнува со одредени граматички конструкции. А се почнува со тоа што од детство ги учат децата да сфатат каде им е местото, помеѓу останатото и на тој начин што при запознавањето, е многу важно да се дознае возраста на детето точно, до месец. Како резултат на тоа, децата во паркот едно на друго не си се обраќаат по име, туку со „постар/помлад брат, постара/помлада сестра“. Тоа не значи дека се сите меѓусебно роднини, туку е тоа само форма на означување на себеси и на другите во колективот. Оваа навика не престанува со растењето – девојките на своите момчиња не им се обраќаат по име, туку со – „постар брат“.

Во градинките има голем број мрсулави деца. Во Кореја, практично, не постои „боледување заради нега на детето“. Боледување е кога човек ќе заглави во болница и шефот поради тоа ќе му дозволи да не доаѓа на работа. Во секој друг случај родителите мора да бидат на работа. Затоа многу жени се откажуваат од кариерата. Да се земе одмор кога е детето болно исто така не е можно. Годишниот одмор во Кореја трае две недели и најчесто не може да се искористи наеднаш. Затоа децата одат во градинка мрсулави. Носат маски во разни бои, но мораат да одат.

Паѓа во око уште еден манир на воспитувањето во градинка. Ако воспитачката сака да го натера детето да направи нешто, тука е најнормално да му дадат чоколатце или лижавче како позитивна мотивација. Многу честа е ситуацијата воспитачките да им даваат по едно бонбонче на деца од две до три години за да седнат сите заедно на клупа. Нам може да ни биде необично и тоа што тука никој не упорен во тоа да го научи детето да користи нопкшир. Во градинка се носат пелени и се смета дека детето на одредена возраст самото ќе почне да користи тоалет, па додека е мало никој не го оптоварува со тоа.

Корејците не се оптоваруваат ниту со големината на облеката и обувките. Не е лесно да купи облека за најмалите. Бројчињата почнуваат од 65-70. Зошто би купувале помала облека кога детето секако ќе порасне?! Подоцна децата учат да одат во два-три броја поголеми обувки. Притоа, никој не се потресува околу ортопедски влошки и околу положбата на стапалата. Најважно е чевлите да бидат максимално „згодни“ па најчесто на децата им се купуваат патики кои ќе ги носат цела година.

И конечно – капите. Современите Корејци не носат никогаш ништо на главите. Ретки се мајките кои водат грижа за тоа каде да купат топли капи за да не им смрзнат ушите на децата, ако јакната има качулка. За да нема забуна, климата тука не е како на Тајланд и во зима температурата се спушта и до -15 степени. Меѓутоа, капите се опрема за скијачи. Во парковите 90 отсто од децата се без капи. Обична државна градинка чини во просек 450 долари месечно. Ако детето се разболи и не оди, сеедно ќе платите. А тоа не е малку ниту за Корејците. Градинките обично се наоѓаат на првите спратови од зградите со по 20-30 катови, иако има и такви кои се наоѓаат во посебни згради. Постојат листи на чекање. За да го запишете детето, треба да зборувате со 15-20 установи, а потоа да причекате уште пола година. Како алтернатива за градинките привремено можат да послужат игротеките во рамките на супермаркетите, трговските центри или одделните игротеки. Тоа се огромни простории, со обезбедени ѕидови и премини, разни весели играчки и терени за игра. Цената варира, во просек, за 10-15 долари можете да го оставите детето на неколку часа. Мајките можат да се напијат кафе кое е врачунато во цената.

Децата во Кореја можат да дремнат на било кое бучно и прометно место. Никој не води сметка детето да спие во одредено време. Тие само му објаснуваат на детето дека никој не е должен да го трпи нивното кенкање. Затоа, ако е уморно – нека повели и нека спие. И детето спие.

Секако дека корејските деца врескаат, но тоа го прават претежно дома. Меѓутоа, се случува да добијат хистеричен напад и надвор: оди совршено спокоен татко или совршена спокојна мајка, а по нив се прпелка бесно дете кое тропа со нозете, плаче, вреска, се фрла на земја, притрчува до родителот обидувајќи се насила да добие нешто. Родителот понекогаш ќе каже нешто строго, но најчесто само продолжува спокојно да оди. Никој не застанува за да му каже нешто на детето, односно, никој не реагира на неговото однесување.

Без оглед на особеностите во воспитувањето на децата, гледано во целина, Кореја е една од земјите кои се многу пријателски и многу наклонети кон децата. Во секој ресторан има детски столици, детски прибор за јадење. Во тоалетите има детски тоалетни шолји, специјални седишта за деца, место за „фиксирање“ на детето додека вие не си ја завршите својата работа. Маси за повивање има и во машките и во женските тоалети, а на најбучните јавни места постојат соби за доење. Пристапноста за количките во сообраќајот, јавните установи и слично, не треба ниту да ги спомнуваме. А тоа дали правилно и добро ги воспитуваат своите млади поколенија, не би можеле да коментираме…

[better-ads type='banner' banner='999' ]