Kако се однесува момче на кое му недостасува татковско внимание

Според Стив Бидалф, еден од најпознатите семејни терапевти во Австралија, ова се главните показатели дека на момчињата им недостасува татковско внимание

0
444

Во современиот свет, семејствата го поминуваат поголемиот дел од денот одвоени. Дури и кога ви се чини дека правите многу за вашето дете – возејќи го на тренинзи, приватни лекции, странски јазици, понекогаш токму тоа е она што ве спречува да им го дадете она што им е навистина потребно. А тоа е родителското неподелено внимание.

Кога станува збор за момчињата, иако се тие обично поприврзани за мајките, улогата на таткото во нивните животи е подеднакво важна. Ако им недостасува вниманието на таткото, тоа ќе се види, а според Стив Бидалф, еден од најпознатите австралиски семејни терапевти, ова се главните показатели дека на момчињата им недостасува вниманието на неговиот татко:

– агресивен начин на однесување кон другите

– пренагласен машки стил на однесување и интереси (пушки, мускули, камиони – смрт!)

– навидум „арогантен“ начин на однесување (негодување, незаинтересираност во стилот, јас сум кул, сѐ е здодевно)

– омаловажувачко однесување кон жените, лицата кои се геј или му изгледаат така, кон малцинствата.

Агресивниот начин на однесување е начин на кој едно момче ја крие својата несигурност. Бидејќи му недостасуваат пофалби и почит од повозрасни мажи, тој се преправа дека е цврст. Правилото е следно: омаловажете некого, пред да ве омаловажат вас.

Ако едно момче има малку контакт со неговиот татко или други мажи, тогаш тој всушност и не знае како да биде маж.

Исто така, тој нема контрола над сопствените чувства. Бидејќи никогаш не видел како се прави тоа, тој не знае како да:

– решава конфликт на добронамерен начин

– лесно да разговара со жените и да не се однесува сексистички

– да изрази почит или тага, или да каже извини, итн.

Такво момче има само два извора од кои ја црпи својата претстава за машкост – глумците во филмовите и сопствените врсници.

Ако неговиот идол е Жан-Клод ван Дам, тоа нема да му помогне многу во справувањето со секојдневниот живот.

Фото: Freepik

loading...