Kолку се прецизни тестовите за бременост?

Веројатноста да добиете негативен резултат е поголема во раните стадиуми на бременост, односно кога менструацијата се уште не изостанала, додека пак лажно позитивните тестови се многу ретки, велат стручњаците.

0
66

Кога сакате да бидете сигурни дека сте трудни, сакате да изберете најдобар тест за бременост, односно, најточен. Но како да одберете?

Тестот за бременост се употребува такашто се натопува во урина или пак се уринира врз стапчето. Ја препознава бременоста заради хормонот HCG. Бета HCG (хуман корионски гонадотропин) е протеин кој го лачи ткивото на постелката, а многумина го нарекуваат и хормон на бременоста.

Колку се чести погрешните резултати на тестот?

Кога се рекламира нивната 99-процентна сигурност се мисли на тоа дека можат со толкава сигурност да ви откријат дека не сте трудни

Веројатноста дека ќе добиете негативен резултат се поголеми во раните стадиуми на бременост, односно, кога менструацијата се уште не изостанала. Нивото на хормоните на бременост растат секој ден од бременоста.

Лажно позитивните тестови се многу ретки. Можно е тоа да се случи за време на овулацијата затоа што тогаш нивото на хормони е високо, велат стручњаците. Други причини се одредени видови на рак или бенигни тумори кои лачат HCG. Ако ви се појави позитивен резултат, а не сте биле сексуални активни (мислиме на лажни паники и на беспотребно тестирање за бременост), одете на лекар.

Кога е најдобро време да направите тест за бременост?

Две недели по овулацијата. Но се зависи од должината на циклусот, кој е поинаков за секоја жена. Да земеме предвид дека првиот ден од менструацијата варира неколку дена од месец во месец, од тој ден одземете 15 дена и тоа би требало да е денот на овулацијата.

Кој е најдобар тест за бременост?

Најдобро е да се тестирате со анализа на крвта. Ако домашниот тест е позитивен, одете на лекар за да ви земат крв и да го потврдите резултатот.

Сите домашни тестови се дефинитивно добар начин за тестирање, но по секој резултат би требало да посетите лекар кој е сепак постручен.

loading...