Kонтролирајте го зголемувањето на телесната тежина на вашите деца

Многу родители паднаа во стапицата и попуштајќи им на своите деца и хранејќи ги со сè што сакаат, ги доведоа во состојба во која не можат ниту да потрчаат по топка. Дали сте свесни колку опасна може да биде дебелината кај децата?

0
146

Не дозволувајте децата да ве претворат во роб и секогаш да им бидете на услуга, бидејќи на тој начин им штетите повеќе ним отколку на самите себе. Децата стануваат мрзливи (затоа што се навикнати вие да правите сè за нив), пребирливи (затоа што им давате сè) и склони кон дебелеење (затоа што им дозволувате да претеруваат со храната).

Здравствени компликации

Дебелината кај децата е сè поголем проблем во светот. „Остави го детето да јаде“ – таа блага реченица може да доведе до сериозни проблеми. Ако децата имаат прекумерна тежина, тоа може да доведе до сериозни здравствени проблеми, кои порано беа поврзани само со возрасните – хипертензија, дијабетес, хиперхолестеролемија, слаба толеранција на гликоза,…

Тинејџерките може да развијат синдром на полицистични јајници, проблеми со менструацијата, акни,…

Треба да ги научите децата на здрави навики. Бидете првиот што ќе даде пример. Не забранувајте им ги сите задоволства и мали гревови, но држете ја нивната исхрана под контрола. (Храна што не треба да им ја давате на деца). Најголемиот проблем се јавува кога детето ќе почнат од мали нозе да го затрупуваат со храна. Желудникот се шири, а последиците, доколку опстојува оваа состојба, сè потешко се санираат. Во нив треба да всадите здрави навики уште од рана возраст. И не го поддржувајте или не го фалете ако јаде премногу. Ако детето јаде нормално, а во исто време троши калории, трча, спортува – тоа е за пофалба.

Што да се прави?

Не мора да го спречувате вашето дете да јаде, но мора да го натерате да ги согорува тие калории. Активирајте се, играјте со детето, одете редовно на вежбање, заинтересирајте го детето за некој спорт, оставете го да стане дел од училишен спортски тим. Пронајдете активност што редовно ќе ја практикувате како семејство – викенд пешачење во шума и по обележани патеки, семеен спортски ден, ден за танцување,…

Ако ви е тешко да контролирате што јаде вашето дете на училиште или со неговите баби и дедовци, она што го јаде дома е во ваши раце. Здравата исхрана е важна за целото семејство. Со добар избор на храна, го зајакнувате имунитетот на децата, додека со нездрава храна, тие не добиваат доволно хранливи материи. Само внимавајте да не претерувате, бидејќи ако сте премногу строги кога станува збор за слатки, детето ќе гледа да ги заобиколи вашите правила.

Внимавајте и на стресот. Иако се чини дека тоа е само проблем на возрасните и децата страдаат. Ако имате некои проблеми дома, децата не мора да ги знаат тие работи. Обидете се да ги заштитите што е можно повеќе од вашите секојдневни грижи.

Фото: Unsplash

loading...