Како да го прославите првиот роденден?

Според стручњаците, подобро е првиот роденден да го прославите во кругот на најблиските, да направите мала тортичка, да дувнете свеќичка и да се фотографирате за спомен, без голема помпа и хаос.

0
585

Сите млади родители се еуфорични кога станува збор за првиот роденден на нивното дете, а во повеќето случаи излегуа дека е тоа повеќе прослава за родителите отколку за малиот славеник кој главно е вчудоневиден и изваден од памет.

Иако е многу важен, првиот роденден би требало да се прослави во интимно опкружување за да ви биде пријатно и вам и на вашето дете. „Општонародните“ веселби кои се популарни на нашите простори се главно забави за родителите и роднините.
Присуството на голем број деца на првиот роденден не е неопходно затоа што славеникот во голема гужва и во непознато опкружување од некоја игротека или ресторан, само е се вознемири и ќе се исплаши. Чувајте ги таквите идеи за некои од наредните родендени кога детето малку ќе порасне и ќе почне да сфаќа за што станува збор.
Поминете го првиот роденден во кругот на најблиските, направете мала тортичка, дувнете свеќичка и фотографирајте се за спомен, без голема помпа и хаос.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Please enter your comment!
Please enter your name here