Како да им ја подигнете самодовербата на вашите деца?

Прифатете го детето како посебна индивидуа со чувства кои се важни, разговарајте со нив со почит, учете ги да носат одлуки

0
323

Ненси Поитоу, терапевтка од Калифорнија, специјализирана за брак и семејство, на родителите кои сакаат да им помогнат на своите деца во развојот на самопочитта и самодовербата им ги предлага овие насоки:

  1. Прифатете го детето како посебно човечко суштество, со чувства кои се важни.
  2. Одговорете на успесите на децата со мали прослави, тешете ги и охрабрете ги кога нема да успеат, кажете им дека ги сакате токму такви какви што се и често прегрнувајте ги.
  3. Разговарајте со децата со почит и со љубов.
  4. Учете ги во согласност со нивната возраст како да носат одлуки.
  5. Ако морате да ги казните, разликувајте го однесувањето од детето – својата лутина усмерете ја неприфатливото однесување, а не на детето, покажете интерес за детските тазмислувања, чувства и дневни активности.

Напомена

Да се научи како да се чувствуваме добро во сопствената кожа е патување кое бара трпение, време, самосвест и способност да си простиме заради нашите човечки слабости. Тешко е но наградата која ве чека – самодоверба, подобри односи, попозитивна слика за себе и чувство дека е светот сосема во ред – се вредни за трудот.

[better-ads type='banner' banner='999' ]