Како да излезете на крај со тинејџерот кавгаџија?

Многу родители поминале со своите деца низ оние тешки тинејџерски денови кога едноставно не можеле никако да се разберат со нив. Еве како да се снајдете кога вашиот тинејџер постојано се расправа со вас.

0
260

Тинејџерството е тежок период и за родителите и за тинејџерите. Со тоа што постојано ви контрираат и се расправаат со вас, тие делумно сакаат да ја покажат својата самостојност, независно мислење, одвојување и јасната разлика помеѓу вас. Тоа може дури и најмирните родители да ги доведе до „лудило“.

Секако, вие не смеете да пламнете, мора да бидете на ниво на задачата, да не се симнувате на тинејџерско ниво, да држите гард на личност која е поискусна и помудра, каква што и сте. Еве неколку совети како да излезете на крај со тинејџерот кавгаџија во проблематичните денови.

Правила

Секој дом мора да има одредени правила, барем рамковни, за највважните работи. Повеќето од нив нема ни да навлегуваат во расправа со вас кога веќе го знаат вашиот став. Нема преговори, нема кавги. Ако се сите опции отворени, ако сте попустливи, така само ја влошувате ситуацијата затоа што ги навикнувате дека „се може“.

Скриени причини

Не е лесно да се открие што ги тера на такво однесување, расположението да им е променливо како на трудниците, но тоа е уште еден „хормонски период“ во човечкиот живот кој сите сме го поминале. Пробајте да откриете што ја иницирало лавината од негодување, што се крие зад желбата за расправање, дали темата на расправијата е само параван за некој поголем проблем…Дали се вознемирени поради нешто, поради некоја ситуација во домот? Дали нешто се случило во училиштето?

„Кулирање“

Кулирајте, потиснете ја лутината, сосушајте го детето, но воздржете се од расправија. Изнесете го својот став мирно и завршете го разговорот. Вдишете длабоко и смирете се. Дури кога лутината ќе спласне поразговарајте отворено со детето.

Последици

Ако ја прејде границата а тоа често се случува, мора да смислите одредени казни. Такво однесување не е на место и мора тоа да им го дадете на знаење на децата. Секој роидтел го познава својот тинејџер доволно добро за да знае која казна е „најлоша“. Тоа е обично забрана за излегување, забрана за користење на интернет, одземање на телефонот,…

Смирете ја ситуацијата

Кавгата обично почнува кога тие нешто бараат, а вие им забранувате или кога нешто ќе ги замолите, а тие одбиваат да послушаат и тоа го проследуваат со грда забелешка. И тука повторно важи тоа дека треба длабоко да вдишете и да останете смирени. Викнете го детето да седне до вас и прашшајте го каде е проблемот и зошто така се однесуа. Истакнете дека сте подготвени да го сослушате, можеби и да прифатите некои негови желби само ако мирно разговара со вас, без викање и без кавга. Кажете му: можеме мирно да разговараме или можам „да ти пишам“ казна. Секако, децата ќе се согласат на разговор и топката ќе се спушти. Објаснете му дека таквото однесување не е воопшто добро и дека не сте  заслужоле така да се однесува со вас. Повикајте се и на емотивната страна и прашајте дали постои уште некој проблем за кој треба да знаете, дали можете да му помогнете.

Се поминува

Имајте на ум дека е ова преоден период и дека кога тогаш вашето дете повторно ќе се сврти кон вас и ќе ве почитува. Сепак, трудете се да не го повредите и обидете се секогаш да бидете смирени. Тинејџерското однесување е многу променливо, затоа решавајте ги проблемите ден по ден. Тука нема големи планови затоа што тие денеска можат да бидат расположени, а утредента многу лути. Ниту тие самите не се свесни што им се случува.

loading...