Како да одгледате независно дете?

Од рано детство вашето дете ќе почне да покажува знаци дека сака да биде независно. Во оваа фаза децата обично влегуваат на возраст од 18 месеци, а станува особено изразена на две години. Секој родител го исчекува завршувањето на таа фаза, но таа е клучна за детскиот развој.

0
504

Една од најважните цели на родителите е да одгледаат дете кое ќе биде одговорна возрасна личност. Тоа ќе го постигнете такашто на детето ќе му дозволите независност. Начинот на кој ќе се однесувате во одредена ситуација ќе помогне во обликувањето на индивидуалноста на детето. Секако, на смеете да му дозволите на детето самостојно да ги носи сите одлуки затоа што не е доволно зрело за тоа.

Не му давајте премногу избор

Премногу избори го збунуваат детето. Ако детето нема доволно самодоверба за донесување на одлуки, тоа за него ќе биде изцрпувачка задача. Би било добро детето да има две до три можности. Можете да го усмерите што да одбере. Како ќе станува постаро, без страв почнете да го зголемувате бројот на можности.

Научете го на нови вештини

Кога детето учи нови вештини, неговата самодоверба расте. Тогаш детето ќе почне да развива свест и ќе сфати дека независноста е нешто позитивно, а самостојноста-привилегија. Тогаш ќе сфати колку може да биде добра слободата.

Верувајте дека е вашето дете способно за нешто

Не е секогаш лесно да му се дозволи на детето да направи нешто самостојно, особено тогаш кога не можете да го предвидите исходот. Но детето мора да научи да биде самостојно. Охрабрете го детето да испробува и да истражува нови работи. Самодовербата на детето ќе ја зголемите такашто ќе му верувате.

Дозволувајте му на детето повремено да одбире што да облече, дајте му неколку можности, но конечната одлука нека биде негова.

Дозволете му на детето да ви помогне додека нешто работите. Дајте му посебна задача, како што е спарувањето на чорапи на пример, додека вие работите нешто друго.

Проширете ја можноста за избори

На возраст од 8 години ќе забележите дека детето се почесто почнува смаостојно да носи одлуки. Следете го неговиот развој, помогнете му во носењето сложени одлуки, но секогаш дајте му на знаење дека има слобода.

Попуштете ја контролата

Морате полека да почнете да се опирате на потребата за контрола затоа што следните неколку години ќе морате да попуштите. Ставете јасно на знаење кои очекувања ги имате и кои граници не смеат да се преминуваат.

Поттикнете го детето да носи одлуки

Колку што е поблизу до адолесцентското доба, детето се повеќе ќе се спротивставува на се. Не му ја ограничувајте можноста за избор, туку запознајте го со последиците што го чекаат кога ќе донесе некоја одлука. На тој начин ќе го научите пред носењето на некоја одлука треба да се информира.

Бидете љубезни

Вашето дете во одреден период од животот ќе почненагло да ги менува расположенијата кои понекогаш нема да бидат многу пријатни. Токму тогаш е особено важна вашата поддршка. Секогаш давајте конструктивна критика, но имајте разбирање и бидете љубезни.

loading...