Како да пресметате колку ќе биде високо вашето дете?

Ако се прашувате колку ќе биде високо вашето дете, еве едноставна формула со чија помош ќе можете да ја пресметате висината на вашето дете.

0
593

Секој кој има дете, сигурно има некое место на ѕидот или слично, кадешто го следи растењето на своето дете. Ако сакате да дознаете колку ќе порасне вашето дете, можете да го пресметате тоа со помош на оваа формула, пишува Bright Side.

Формулата се темели на висината на родителите:

Ако сакате да ја пресметате висината на момче, формулата гласи: (висината на мајката + висината на таткото) / 2 + 6,5 cm = висина на синчето

За пресметување на висината на девојчињата, формулата гласи: (висина на мајката + висина на таткото) / 2 – 6,5 cm = висина на ќерката

Значи, за предвидување на висината на момчињата се собираат висините на двајцата родители, се делат со 2, па се додаваат 6,5 cm. За девојчињата исто трака се собираат висините на родителите, се дели на 2, а потоа се одземаат 6,5 cm.

Оваа едноставна формула ја користат голем број на педијатри за проценка на растот на детето. Тоа не е егзактна пресметка, па можете да очекувате маргина на грешка од околу 5 цм.

loading...