Како да се спречат кавгите помеѓу децата?

Да се одгледува дете не е лесна работа. Да се одгледуваат две деца е уште потешка работа.

0
207

Мајките кои имаат повеќе деца со мала разлика или близнаци секојдневно се соочуваат со различни предизвици. Натпревари о кавги, понекогаш и тепачки, е многу тешко да се решат затоа што секогаш едно од децата ќе се чувствува како „Калимеро“ и ќе смета дека сте застанале на страна на оној другиот.

Како да се однесувате во вакви ситуации и што да направите за да ги поттикнете своите деца на заедничка игра и развивање на добар однос?

Пробајте ги овие три совети.

Посветете му се на секое индивидуално

Децата сакаат повеќе внимание. На секое дете му треба време што ќе го одвоите само за него. Кај децата со мала разлика или кај близнаците, честопати на децата им давате заедничко внимание, а не им се посветувате одделно. Тоа е проблем затоа што на децата им треба време еден на еден, а ако не го добијат, се создават фрустрации и ривалство меѓу децата

Секое дете сака момент за себе, место во ваѓето срце кое е само негово, место во семејството кое му припаѓа само нему. За да бидете сигурни дека на секое дете му подарувате доволно внимание, воведете дневно индивидуално време со секое дете.

Не е лесно, но ќе се исплати. Вклучете го и таткото такашто ќе биде со другите деца додека вие одвојувате 15 мибути дневно за секое ваше дете. Или обидете се да го заинтересирате другото дете со цртање, боење или со цртан филм додека сте вие со другото дете. Потоа само заменете се. Децата ќе уживаат во завешето заедничко време. Веројатно на почеток, едното дете ќе ви го попречува ова или можеби нема да сака да бидете сами со неговиот брат или сестра. Љубомората е сосема природна, но вашите деца ќе се навикнат, а времето кое ќе го одвоите за секое дете посебно, ќе им значи повеќе отколку што се сега свесни за тоа.

Не ги етикетирајте своите деца

Иако изгледа безоипасно, постојаното споредување на децата, па макар тоа било со нњкој што им е олку близок како што е случај со братот или сестрата, влијае лошо врз самодовербата на детето и понекогаш може да предизвика кавга кај другото дете. Ваквите споредби на децата се често иницијлна каписла за детските кавги.

Дури и потивините етикети како добар, паметен, спретен не се добри. Ако постои оној со вакви етикети, значи дека оној другиот носи етикети спротивни на овие позитивните (ако е тој спретенм тогаш сум јас неспретен). Најдобро би било етикетите да се исклучат во целост. Секое дете има особини што го прават посебно и единствено. Фикујсирајте се на своето дете кско на комплетна личност наместо да издвјувате особини кои би можеле да бидат предмет на натпревар помешу децата.

Одвојте ги децата од детето

Секако дека е полесно децата со мала разлика и близнаците да се третираат како едно. И не само тоа, туку ова и ви го штеди времето. Да се запишат на ист спорт, да се облекуваат еднакво. Но ваквиот „еднакв“ пристап не е нужно и најдобар за вашите деца. КОга ќе минувате секој ден извесно време еден на еден со своите деца, ќе сфатите колку се различни и колку е секое од нив посебно. Ќе ги видите нивните разлики кои ги чинат толку единствени. Секако дека треба да го цените и да го поттикнувате нивноито заедништво, и да ја нбегувате нивната меѓусебна поврзаност која можат да ја имаат само деца кои растат заедно, но мора да направите местго и за секое дете посебно. Само на тој начин ќе иматедеца кои се свесни за себе и за своите можности, но ги ценат и почитуваат и можностите на другите.

 

loading...