Како е да се биде родител во Данска? (1 дел)

Се прашувате зошто Данците полесно се одлучуваат на родителство и зошто имаат повеќе деца? Се прашувате како е во Данска регулирана семејната политика и на кои начини државата им помага на родителите и го поттикнува наталитетот?

0
1206

Велат дека Данците се најсреќна нација на светот. Тешко е да се дефинира што значи да се биде среќен, но Данците дефинитивно се задоволни, неоптоварени, опуштени, љубезни, културни. Високо на листата на приоритети им е уживањето во ситните животни радости, дружењето и се што би можеле да го сведете под синтагмата – уметност на животот. Имаат и посебен израз за уживање во животот – hyggelig, а тоа значи удобност, убавина, атмосфера, чувства, интимност и уживање во моментот, во вкусовите, мирисите, боите.
Помеѓу другото, Данците уживаат и затоа што не преживуваат поголеми друштвени, политички и економски потреси. Данска од секогаш била една од најсредените и економски најстабилните држави во Европа. Но што е она поради што тука луѓето полесно се одлучуваат за родителство и како Данска ја има уредено семејната политика, на кој начин им помага на родителите и го поттикнува наталитетот?

Секако, треба да се спомене и дека Данците плаќаат високи даноци за да можат подоцна да уживаат во привилегиите што им ги нуди државата, па веројатно плаќањето на даноци токму затоа и не им е проблем, затоа што знаат дека тие пари кои ги даваат за данок се трошат паметно и тие имаат бесплатно здравство, бесплатни автопати, бесплатно образование и други погодности. Знаат дека сето тоа го платиле самите, но фактот што не треба да се грижат за тоа, им го прави животот помалку стресен.
Просечната плата во Данска е 5.000 евра, но тоа значи дека голем дел од населението зема месечна плата која е над овој просек, односно, помеѓу 5.000 и 15.000 евра. Стандардната работна недела трае 37 часа и според таа сатница се пресметани субвенциите, помошта и стипендиите со кои државата им помага на родителите.

Породилно отсуство и помош за младите родители
По раѓањето или посвојувањето на детето, и мајката и таткото можат да земат слободни месеци. Мајката може да оди на породилно отсуство 4 недели пред терминот за пораѓање, а со детето мора да помине 18 недели. Таткото со новороденчето мора да помине 2 недели. Тоа се вкупно пет месеци (еден месец трудничко и четири задолжителни месеци породилно). Потоа породилното отсуство може дополнително да се продолжи за дополнителни 32 недели, односно, 8 месеци, а го користат родителите според сопствениот договор. Тоа значи дека таткото може да ги земе сите 32 недели или на пример, може таткото да земе 16 и мајката 16 недели. Во текот на породилното отсиство родителите од државата добиваат во просек 560 евра неделно, односно, 2.240 евра месечно. Тоа е малку за оние кои имаат просечна или натпросечна плата, но е доволно за оние кои инаку заработуваат помалку од просекот. Во зависност од договорот меѓу синдикатот и работодавецот, некои родители добиваат полна плата во текот на целото породилно отсуство.

Државата помага до 18.години
Данска има и таканаречена економска припомош која се исплаќа за секое дете до неговата 18.година. Така родителите, во зависност од возраста на детето годишно добиваат:
2.385 евра годишно за дете од 0-2 години
1.880 евра годишно за дете од od 3-6 години
1.480 евра годишно за дете од 7-14 години
1.485 евра годишно за дете од 15-18 години

(Продолжува)

[better-ads type='banner' banner='999' ]