Како изгледа кога имате дислексија?

Кога ќе го прочитате овој текст ќе почувствувате како изгледа да се има дислексија.

0
415

Пробајте да го прочитате текстот од сликата.

Данијел Бритон (25) многу рано дознал дека боледува од делумна дислексија, но без оглед на тоа, не наидувал на разбирање кај луѓето. Затоа одлучил да покрене кампања која на луѓето кои го немаат овој проблем ќе им претстави со што се соочува еден човек со дислексија.

„Кога имав осум години, постојано ми зборуваа дека морам повеќе да се трудам, дека сум мрзлив и глуп. Никој не разбираше што значи дислексија“, вели тој.

Бритон е денеска успешен графички дизајнре и сега, со помош на својата струка се обидува да им претстави на оние кои не разбираат какво чувство предизвикува дислексијата. Тоа го прави со помош на фонтот кој го осмислил и го нарекол „Дислексија“.

Станува збор за Хелветика кај која Бритон отстранил 40 отсто од линиите и така на читателите им го отежнал дешифрирањето на буквите и зборовите во реченицата. Овој проект го покренал за да им разјасни на сите колкав проблем е дислексијата, затоа што многумина мислат дека станува збор за апстрактен поим.

Претходната кампања која била покрената за подигање на свеста за дислексијата ја смета за очајна.

„Тие материјали не пренесуваат ништо. Нема емоции, ниту порака. Луѓето и натаму не разбираат за што станува збор. Сакам да ја почувствувате фрустрацијата, да го проживеете чувството на срам и трудот кој многумина од нас секојдневно го вложуваат за да читаат“, вели Бритон.

loading...