Како новороденчињата го намирисуваат патот и ползат до мајчините гради (ВИДЕО)

Овој феномен не е толку познат, но на ова видео може да се види дека е процес кој се одвива непосредно откако бебето излегло од матката.

0
895

Дури и кога ќе помислите дека ја знаете секоја причина заради што е доењето добро за здравјето и на маката и на бебето, ќе се појави уште нешто што дополнително ќе ве воодушеви.

Видеото во кое бебето ползи до мајчините гради само неколку минути по раѓањето дефинитивно ќе ве мотивира и ќе ве воодушеви.

Овој феномен не е толку познат, но на ова видео може да се види дека е процес кој се одвива непосредно откако бебето излегло од матката. Новороденчето се става на стомакот од мајката и тоа инстинктивно ползи кон нејзините гради, поточно, кон изворот на храна.

Во видеото се објаснува како бебињата веднаш по раѓањето имаат сетило на мирис кое ги наведува кон грдатите во моментот кога ќе ги стават на мајчиниот стомак. Амниотската течност која се наоѓа лево од рачето на бебето ѝ помага да ја најде брадавицата која еднакво мириса. Погледнете го видеото и ќе ви биде појасно.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Please enter your comment!
Please enter your name here