Како правилно да измерите температура?

Нормална телесна температура е температура до 37 C степени, измерена под пазувите  или до 37,5  C степени измерена ректално.

0
1288

Температурата на детето може да се измери со мерење под пазувите, ректално и орално. Меѓутоа, педијатрите не го препорачуваат аналното и оралното мерење на температурата, бидејќи дечињата може да го скршат топломерот, па најпрепорачливо е мерењето под пазуви.

Температурата измерена  со повисока вредност од овие се смета за зголемена телесна температура! И кај здравите деца, во текот на денот, постојат мали варијации над и под овие вредности. Температурата е најниска во раните утрински часови, а највисока во доцните попладневни часови, после јадење или по физичка активност. Затоа, телесната температура треба да се мери по завршената активност на детето, кога тоа е во состојба на мирување.

Најчесто  се мери со живин термометар, под пазувите, односно, аксиларно. Пазувата треба да биде сува, а термометарот да не ја допира облеката и да стои пет минути. Освен живините топломери се употребуваат и електронски, дигитални, кои се подеднакво сигурни и ефикасни за децата.

loading...