КАКО ПРЕСТАНАВ ДА ИМ ВИКАМ НА СВОИТЕ ДЕЦА

0
377

Ако ви се случи поради неважни работи неконтролирано да им викате на своите деца или на партнерот, секако прочитајте ја исповедта на мајката која успеала да ја промени таа своја лоша навика.

Ги ценам пораките што ги добивам од своите деца, било да се нашарани со фломастер на мало парче хартија или напишани со совршен ракопис на хартија со линии. Но, песната за Денот на мајката која ја добив минатата пролет од својата најстара ќерка, посебно длабоко ме погоди.

Првиот стих на песната ми го одзеде здивот пред да почнат солзите да ми течат по лицето.

– Важна работа за мојата мајка… таа е секогаш тука за мене, дури и кога ќе направам голем проблем.

Гледате, не беше секогаш така. Во текот на мојот многу растроен живот, почнав еден нов обичај кој радикално се разликуваше од начинот на кој се однесував до тогаш. Станав лице кое вика. Тоа не беше често, но беше екстремно, како пренадуван балон кој ненадејно пука и сите во близина се преплашуваат поради тоа.

Оваа реченица не е лесно да се напише. Ниту тоа е убав период од мојот живот за сеќавање, бидејќи да бидам искрена, се мразев самата во тие моменти. Во што се претворив што почнав да викам на две драгоцени мали деца кои ги сакав повеќе од самиот живот?

Ќе ви кажам во што се претворив. Во мое свртување на вниманието.

Претераната употреба на телефонот, премногу задачи, списоци со работи што мора да се направат на повеќе страни и трката по совршенство едноставно ме исцрпеа. А викањето на луѓето кои ги сакав беше директна последица на губење на контрола која ја чувствував во својот живот. Секако, морав некаде да пукнам. Пукнав зад затворени врати во друштво на луѓе кои ми значеа најмногу на светот. Се до еден судбоносен ден.

Мојата постара ќерка стана од столчето за да дофати нешто, а потоа случајно преврте цела кеса ориз на подот. Додека милиони ситни зрна летаа по подот како дожд, очите на моето дете се исполнија со солзи. И тогаш го видов – стравот во нејзините очи додека се подготвуваше за тиранија од својата мајка.

– Таа се плаши од мене – помислив со најболното можно сваќање. – Моето шестгодишно дете се плаши од реакцијата на својата невина грешка.

Со длабоко жалење сфатив дека не сум мајка каква што сакам да ги порасне моите деца, ниту дека така сакам да го живеам остатокот од животот.

Во неделите кои следеа по таа епизода, доживеав слом и просветлување – момент кој ме покрена на патот „хандс фре“, пат до заборавот на целото свртување на вниманието и занимавање со она што навистина е важно. Тоа беше пред три години, година на легално одвојување од претерувањето во употребата на електронските гаџети во мојот живот…

Три години ослободување од недостижните стандарди на перфекција и притисокот на општеството да правиш се. Како што се ослободував од своите интерни и екстерни дистракции, бесот и стресот кои вриеја во мене, полека исчезнуваа. Со помалку товар на грбот, можев да реагирам на грешките на моите деца на многу посмирен, по сочувстителен и поразумен начин.

Зборував работи како: Тоа е само сируп од чоколадо. Можеш да го избришеш и масата ќе биде како нова. (Наместо да испуштам огорчена воздишка и да превртувам со очите). Се понудив да ја држам метлата додека таа ги чистеше овесните снегулки од подот. (Наместо да стојам над неа со поглед на негодување и неопислива досада). И помогнав да размисли каде ги оставила своите очила. (Наместо да ја посрамотам што е толку многу неодговорна).

А во моментите кога чистата исцрпеност и постојаното кукање се закануваат дека ќе го земат најдоброто од мене, влегував во бањата, затворав врата зад себе и си давав малку време да дишам и да се потсетам дека тие се деца, а децата грешат. Исто како и јас.

Со време исчезна и стравот кој се гледаше во очите на моите деца, кога паѓаа во неволја. И благодарам на Господ, станав закрила во нивните тешки моменти, наместо непријател од кој треба да бегаат и да се кријат.

Не сум сигурна дали би се сетила да напишам за оваа длабока трансформација, а да не се случеше инцидент додека го завршував ракописот за мојата книга. Во тој момент почувствував дека животот ми е претежок и потребата да викам ми беше на врв на јазик. Го приведував кон крајот последното поглавје на книгата, кога мојот компјутер се замрзна. Ненадејно, измената на цели три поглавја исчезнаа пред моите очи.

Поминав неколку минути обидувајќи се да ја вратам последната верзија на ракописот. Кога тоа не ми успеа, консултирав и „бек ап“, само за да откријам дека и таму ракописот исчезнал по некоја грешка. Кога сфатив дека никогаш нема да ги вратам поглавјата на кои работев, ми дојде да плачам, или уште подобро, ми дојде да врескам од бес.

Но, не можев бидејќи требаше да ги земам децата од училиште и да ги однесам на пливање. Со голема воздржаност мирно го затворив мојот компјутер и се потсетив дека постојат многу, навистина многу полоши проблеми од повторното пишување на овие поглавја. Затоа си реков, дека не постои апсолутно ништо што би можела сега да го направам за да го решам овој проблем.

Кога моите деца влегоа во автомобилот, веднаш знаеја дека нешто не е во ред. – Што не е во ред мамо? – ме прашаа едногласно по само еден кус поглед на моето бледо лице. Ми дојде да вриснам – Само што изгубив цела четвртина од мојата книга!

Ми дојде со дланка да го скршам воланот бидејќи седењето во автомобилот беше последно место на кое сакав да бидам во тој момент. Сакав да одам дома и да ја поправам својата книга, а не да ги возам децата на пливање, да цедам мокри костими за капење, да им ги чешлам замрсените коси, да им готвам вечера, да мијам чинии и да ги успивам.

Но, наместо тоа мирно реков: „Малку ми е проблем сега да зборувам за тоа, изгубив дел од книгата и не сакам да зборам за тоа, бидејќи се чувствувам лошо.“

– Жал ни е, рече постарата ќерка во име на двете. И тогаш, како да знаеја дека ми требаше простор, беа мирни се до базенот. Децата и јас ги завршивме сите активности тој ден и иако бев потивка од обично, не викав и дадов се од себе да се воздржам од тоа да мислам на книгата. Конечно денот заврши.

Ја заспав помалата ќерка во кревет и седнав со поголемата на вечерно муабетење. „Мислиш дека ќе успееш да ги вратиш поглавјата?“, тивко ме праша ќерка ми. И тогаш почнав да плачам, не толку поради тие три поглавја, знаев дека можам повторно да ги напишам, мојот слом се случи повеќе од замор и фрустрации кои го подразбираат пишувањето и уредувањето на книга.

Бев толку блиску до крајот. На мое изненадување, моето дете ми пружи рака и нежно ме погали по косата. Изговори охрабрувачки зборови како – компјутерите можат да бидат толку фрустрирачки и Можам да погледнам во бек ап и да видам дали можам да ти ја поправам книгата. И на крај, мамо ти тоа го можеш, ти си најдобар писател кој го познавам и јас ќе ти помогнам колку што можам.

Кога јас имав проблем, таа беше тука, трпеливо и сочувствително ме храбреше не помислувајќи да ме удри кога веќе бев на дното. Моето дете не би го научило овој одговор полн со емпатија, ако јас останев она исто лице кое вика.

Бидејќи викањето ја затвора комуникацијата, ги прекинува врските, тоа прави луѓето да се разделуваат, наместо да се зближуваат. Важна работа е… мојата мајка секогаш е тука за мене, дури и кога ќе направам проблем.

Моето дете тоа го напиша за мене, жена која помина низ тежок период на кој не е горда, но од кој научи. И во зборовите на мојата ќерка гледам надеж и за другите.

Важно е… дека не е доцна да престанете да викате.

Важно е… дека децата простуваат, посебно кога гледаат дека сте лице кое сакаат да го променат.

Важно е… дека без оглед на тоа што се случило вчера, денес е нов ден.

Денес можеме да одбереме да реагираме мирно. И додека го правиме тоа, да ги учиме децата дека мир гради мостови. Мостови преку кои можеме да поминеме кога имаме проблеми.

[better-ads type='banner' banner='999' ]