Како растат тинејџерите?

Има ли вистинско оправдување за нивната неспретност?

0
68

Редовното одење во продавница по нова облека и обувки, кои брзо стануваат премали, се вообичаени во текот на пубертетот. Во својот тинејџерски период децата брзо ја достигнуваат висината која ја имаат како возрасни. Во својот најбрз период, момчињата можат да растат и до 9 сантиметри, а девојчињата – 8 сантиметри годишно. Затоа, не е чудно ако се тинејџерите малку неспретни. Нивното тело расте во височина со брзина која нивниот мозок едноставно не може да ја следи.

Растењето почнува однадвор навнатре. Дланките и стапалата се први кои растат и се шират, па потребата за нови чевли е прв знак на „проблемот“.

Следни се рацете и нозете кои стануваат подолги и дури и во овој случај важи правилото „однадвор-навнатре“. Коската на цеваницата се продолжува пред бутната коска, а делот под лактот на раката расте пред делот над лактот. Најпосле расте рбетот. Последна експанзија е ширењето на градите и рамениците кај момчињата и проширување на колковите и карлицата кај девојчињата.

Многу тинејџери растат толку брзо што нивните мозоци не можат да го следат тоа. Како што се зголемува нивната висина, се поместува нивниот центар за гравитација. Ова се случува толку брзо што мозокот нема време да ги пресмета новите правила за балансирање па неспретноста е често неизбежна.

Забрзаното зголемување на висината е знак дека тинејџерите доживуваат пубертет. И кај девојчињата и кај момчињата растот поттикнува зголемено ниво на сексуалниот хормон тестостерон. Овој хормон го поттикнува и развојот на сексуалните органи.

Просечно момче расте најбрзо помеѓу 15 и 17.година. Девојчињата почнуваат да растат порано, нивниот раст е најбрз помеѓу 12 и 13.година. Девојчињата исто така и го завршуваат својот раст порано, со 18 години, додека на момчињата им се потребни две години повеќе.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Please enter your comment!
Please enter your name here