Како се манифестира и како се лекува кандидијаза кај децата?

Најчесто се погодени бебињата во првите месеци од животот, недоволно ухранети и деца со надоволно развиени плунковни жлезди. Може да се јави како епидемија во породилиштата, градинките и детските болници.

0
1450

Спорите на candida albicans се нормални жители во човековиот организам. Тие нормално можат да се најдат на површината на кожата и на слузокожите.

Растот на оваа габичка се контролира со помош на сапрофитна бактериска флора која не дозволува габата неконтролирано да се размножи. Одредени пореметувања на имунолошкиот систем како што е дојготрајната употреба на антибиотици, кортикостероиди и цитостатици, хормонални пореметувања, дијабет.

Вообичаено најзафатена е усната шуплина, но може да се јави инфекција на дигестивниот тракт, осип на кожата.

Најчесто се погодени бебињата во првите месеци од животот, недоволно ухранети и деца со надоволно развиени плунковни жлезди. Може да се јави како епидемија во породилиштата, градинките и детските болници.

Болеста започнува со непријатен вкус, печење и жарење во устата, болка при хранење, особено при конзумација на топла и зачинета храна. Детето станува вознемирено и плачливо, одбива да јаде, спиењето е нарушено.

Се јавуваат бели наслаги на јазикот и усната слузница, во некои случаи наслагите можат да го зафатат и ждрелото. Наслагите прво се белузлави, па усната шуплина личи како да е попрскана со млеко. Понатаму наслагите стануваат жолтеникави, здивот има непријатен мирис, лимфните јазли можат да бидат натечени и болни, температурата вообичаено нормална или благо покачена.

Лечењето на кандидијазата најчесто е со благо тргање на наслагите со раствор на сода бикарбона, нанесена на стерилна газа, употреба на нистатин капки. Бидејќи оваа инфекција најчесто е последица на други состојби во организмот, потребно е да се зајакне имунитетот со витамински додатоци и правилна исхрана, контролирана употреба на антибиотици и други лекови. Се препорачува намален внес на шеќери, квасец и бело брашно, а во потешки случаи се забранува и употребата на мед. Кандидијазата може да се повторува и лечењето да е долготрајно и да бара трпение.
Доколку кандидијазата го зафати и дигестивниот тракт, во лечењето треба да се се воведат и пробиотици.

д-р Јасмина Трајкова – Пети

loading...