Како се воспитуваат децата на англиски начин?

Ние си замислуваме дека педантните Англичани се строго воспитувани. Дали е навистина така? Како изгледа воспитувањето во англиско семејство?

0
116

Англиските семејства традиционално имаат две или три деца. Првото дете мајката не го раѓа пред 30-тата, а понекогаш дури и во 40-тата. Мајките се трпеливи и во состојба се и по неколку пати да повторуваат: „Тоа не смее да се прави.“

Во основа, идејата е дека воспитувањето е почитување. Детето е личност која расте и затоа мајките не си дозволуваат себеси никакво викање и вревење. Тоа ја подобрува самодовербата и втемелува успешна стратегија за иднината на детето.

Сите обврски во врска со воспитувањето ги исполнува мајката. Бабите и дедовците учествуваат минимално. Може да се најми и дадилка, но тоа е прескапо. Ако дојде до тоа, дадилката живее под ист покрив со семејството.

Постои уште една традиција во воспитувањето: мајките сами организираат групи и ги собираат децата. Ги чуваат такашто се менуваат, или ѝ се плаќа на една мајка која ја врши улогата на воспитачка.

Како последица од таквото воспитување, децата растат во друштвени личности кои лесно се прилагодуваат.

loading...