Како татковците да бидат успешни родители?

За да не бидат запоставени иако можеби на некои тоа им одговара, еве неколку совети за татковците

0
96

За да бидете присутен во животот на вашето дете и за да не дојдете во ситуација поради обврските за него да станете странец или, евентуално, гостин, појавувајте се во животите на сопствените деца! Потрудете се тоа да го правите уште во текот на бременоста, бидејќи доколку често го слушаат вашиот глас, наскоро ќе почнат да го разликуваат од гласот на мајката и од било што друго. По раѓањето ќе се вртат во ваш правец секогаш кога ќе го слушнат вашиот глас.

Кога се мали често земајте ги во раце и зборувајте им. Откопчајте ја кошулата и ставете ги на своите гради за да ве почувствуваат и да да се запознаат со вашиот мирис. Не користете сапун, дезодоранс или каква и да е парфимирана козметика за да може детето да го запознае вашиот природен мирис. Не дозволувајте да ве раздвојат од нив. Обидете се да останете во истата соба и грижете се за детето за да може вашата жена да се наспие. Секако, доколку сака, почитувајте ја нејзината желба да остане малку насамо со бебето. Обидете се да се организирате некако и барем првите денови по доаѓањето на бебето дома, земете одмор. Научете се да готвите.

Обрнете внимание на чувството на соперништво! На насловната корица од книгата „Да се преживее семејството“ (од Џон Клиз и Робин Скинер) има карикатура на маж кој ја гкеда својата жена која го дои бебето. Мажот изгледа прилично несреќно. Кога ќе се појави бебето обрнете внимание на чувството на соперништво и доколку се појави, прифатете го. Вашата жена се уште ве сака, но природно е во текот на првата година хормонски да се преусмери кон оној вид на обожавање кое ја оспособува да се грижи за детето и да ужива во тоа. Поддржувајте ја, најдете неколку минути во денот да се „поврзете“ со неа и бидете трпеливи. Таа ќе ви се врати!

loading...