Како треба да се пере облеката на бебињата?

Многу е важно да знаете како да ја перете облеката на бебињата за да не им наштетите.

0
1979

За да ја исперете правилно облеката на бебињата, треба да бидете многу внимателни. Облеката на бебињата бара често и детално перење за да се заштити бебето од нечистотијата, но истовремено мора да внимавате средствата со кои ја перете облеката да не му наштетат.

Еве на што треба да внимавате:

  1. Прочитајте ги упатствата за перење на посебните материјали од кои е направена облеката.
  2. Исперете ја облеката со посебно нежен детергент без мирис за да ги избегнете алергиските реакции или иритациите на бебешката кожа.
  3. Новата облека прво исперете ја пред да почнете да ја користите за да ја отстраните нечистотијата.
  4. Купете доволно облека за да можете да го пресоблекувате бебето повеќе пати на ден, но и з ада не мора да ја перете премногу често. Другата опција е да купувате помалку облека, но да ја перете често.
  5. Секоја дамка од храна и од други нечистотии прво отстранете ја такашто ќе ја ставите на рамна површина со мокра крпа под неа. На дамката ставете течен, ензиматски детергент и пуштете да отстои некое време. Потоа исперете ја цела облека со истиот детергент.
  6. Тврдоглавите дамки можете да ги отстраните со паста која ќе ја направите од вода и ензимски детергент во прав. Оставете ја пастата да стои на дамката и после исперете ја облеката со течен детергент.
loading...