Како животните можат да им помогнат на децата со аутизам?

Во светот е сѐ попопуларно користењето на животни во терапевтски цели (за емоционална поддршка), кое може да помогне во борбата против аутизмот, посттрауматското стресно пореметување и против други болести.

0
269

Употребата на животните за емоционална поддршка стана многу популарна, а едно од првите животни кои биле ангажирани во овие цели е патката Даниел, која и помогнала на својата 37-годишна сопственичка да се избори со посттрауматското пореметување по несреќата што ја доживеала. Освен патки, како емоицонална поддршка се користеле свињи, мачки, мисирки, пилиња, па дури и коњи.

Изгледа дека сите видови животни можат да им бидат од голема помош на пациентите и да им помогнат на луѓето да се изборат со аутизмот, посттрауматското стресно пореметување и останатите состојби. И покрај овој нов бран на популарност, важно е да се напомене дека секоја интерактција со животно е добра за луѓето.

Најдобри пријатели

Еден од главните бенефити кои произлегуваат од пријателството со животните е тоа што се тие извор на невербално и неосудувачко друштво и за децата и за возрасните. Тие се пријатели кои се секогаш тука за нас, а многу сопственици го истакнуваат тоа што поради нив тие се поретко чувствуваат осаменост и депресија. Сопствениците на кучиња главно имаат повеќе физички активности од луѓето кои немаат кучиња, а со самото тоа и повеќе време поминуваат во природа што е уште една од предностите за нивното здравје.

Од интеракцијата со животните обично произлегуваат необични приказни и искуства што создава пријатни и мотивациски можности за учење за децата.

Развој на социјалните вештини и мотивацијата зa учење

Контактот со животните е исто така клучен и природен дел од детството, а освен дружење со животните, децата учат и да с егрижат за друго суштетство. Сѐ повеќе студии се фокусираат на интеракцијата на животните и децата и на учествувањето на животните во едукативниот и емоционалниот развој.

И додека кучињата и коњите најчесто се користат како видови за терапевтска и едукативна интеракција, спектар од други животни, како патките и помалите коњи исто така се користат многу успешно.

Во неодамнешната студија анализирано е како интеракцијата со гвинејските свињи влијае на децата со аутизам и докажано е дека како резултат на дружењето со гвинејските свињи, децата значително ги подобриле социјалните вештини и мотивацијата за учење.

Уште неколку бенефити од дружењето со животните

Постојат и други идентификувани развојни позитивни резултати за децата доколку се во друштво со животни. Децата кои се дружат со животни можат значително да го засилат имунитетниот систен и да ја намалат склоноста кон алергии.

Докажано е дека терапијата со животни ја намалува болката кај хоспитализираните деца, како и дека го подобрува друштвениот, емоционалниот и когнитивниот развој кај децата и го развива чувството на емпатија. Исто така, друштвото на животните го зголемува нивото на одговорност, самодоверба и самостојност.

Мораме да се грижиме и за животните

Секако и покрај предностите од оваа интеракција за децата и возрасните, исто така е потребно да се имаат на ум и животните кои се користат во терапевстки, образовни и други околности. Имено, мора да се води сметка ништо да не го загрози развојот на животното кое се користи за вакви цели и тоа да биде во согласност со високите здравствени стандарди.

loading...