Со какви промени се соочува вашиот пред-тинејџер?

Во периодот од 9 до 11 години, момчињата почнуваат емотивно да се оддалечуваат од мајките, а девојчињата од татковците. Исто така, децата почнуваат да имаат свои ставови кои ќе бидат спремни ако треба и да ги бранат.

0
209

Во периодот од 9.до 12.година вашето дете ја почнува фазата на големи социјални и емотивни промени. Во овој период тоа почнува да настува шти значи растењето и го спознава патот кон зрелоста за кој полека се подготвува. За децата кои се во оваа пред-тинејџерска фаза, животот полека но сигурно почнува да се комплицира. Особено за девојчињата.
Вашето девојче досега веројатно имало една најдобра другарка со која делела се, но ќе видите дека наскоро „најдобрата другарка“ ќе има рок на траење од отприлика три месеци. Не се возбудувајте претерано околу ова. Тоа е сосема нормално за овој период.
Момчињата пак сакаат групни игри па се обично во поголемо друштво. Оваа „организација“ ги штити од нестабилност и од непријатни изненадувања карактеристични за женските пријателства „еден на еден“. Освен тоа, момчињата повеќе се концентрираат на тоа што го работат и со тоа со што се занимаваат отколку што се занимаваат со тоа со кого се.
Со 11 години вашето дете ќе почне да ги шири крилјата и да прави чекори кон самостојноста. Постепено ќе почне да ги избегнува семејните собири за да поминува се повеќе време со своето друштво. Згора на се, момчињата почнуваат емотивно да се оддалечуваат од мајките, а девојчињата од татковците. Исто така, децата почнуваат да имаат свои ставови кои ќе бидат спремни ако треба и да ги бранат.

На оваа возраст веќе може да се забележи оној пред-тинејџерски бес кои најчесто ќе го изразуваат физички (на пример, со трескање на вратите). Исто така е можно односот на детето и мајката да се влошува. Ако многу разговарате со своето дете и доволно добро го познавате, ова можеби нема да се случи се до средината на тинејџерското доба. Иако треба да го почитувате секој чекор кое вашето дете го презема за ефикасно да почне да расте, не го испуштајте се уште од вид. Секако, сите проверки правете ги дискретно. И акјо некогаш се случи да ве фатат во шпионирање, во овој период тоа ќе ги повреди многу помалку отколку ако го направите истото, на пример, кога ќе имаат 14 години.

loading...